Автор Тема: Квалитетот на VW.  (Прочитано 396850 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20142
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #435 на: 30 Август 2015, 13:05:37 pm »
За кола дизајнирана во 90тите е одлична.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #436 на: 30 Август 2015, 15:14:21 pm »
Види го бе ко маус за РС е целиот вејрон
No turbo, no fun :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29792
    • CARclub.mk
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #437 на: 30 Август 2015, 15:22:35 pm »
Кој како му одговара може да ја врти работата, ама Вејронот заслужува почит. Треба човек малку повеќе да се заинтересира и да ја дознае целата приказна позади него, и целосно различно ќе го гледа. Се појавија побрзи коли, и тако даље - ама Вејрон остана бенчмаркот со кој се споредуваат сите тие.

Пред некое време сасвим случајно ја најдов неофицијално-официјалната книга за Veyron и во неа многу убаво се објаснети и раскажани еден куп работи. Можеби не е по сечиј вкус, ама Вејронот е технолошки мастерпис..

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #438 на: 30 Август 2015, 16:12:58 pm »

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

еднаш мислев дека веќе влеговме во дискусија јас, ти и присутните на пиво кога бевме... дискусијата начелно се водеше околу тоа дали треба да се оддаде почит на возило:

-кое индивидуално на секого му се свиѓа по дизајн
-кое има “страшни“ перформанси
-или и двете

по логика е дека ако би купил кола која има НАЈ НАЈ НАЈ перформанси на свет, али е ружна како блатоно во кое се бањаат свињи, ич нема да ми чуе ако сум го купил за да се тркам само и да праам пари... меѓутоа ако ми е за секојдневно возење и користење, џабе му се тие НАЈ НАЈ НАЈ перформанси, ако на дизајн не ми се свиѓа...

значи, изгледот и вкусот за убавина/дизајн на возила како ентериерно, така и екстериерно е исклучиво по лично видување и индивидуално гледиште/вкус... тоа што мене ми се свиѓа, тебе не и обратно... за разлика од снагата/јачината на машина и перформанси, каде што СИТЕ СЕ СЛОЖНИ околу тоа, бидејки има репер и правец што е ок а што не, за дизајнот веќе нема правило.. може да има само нешто што ПОВЕЌЕТО им се свиѓа, но не е правило...

така и вејронов.. со ваков дизајн или многу ти се свиѓа или не ти се свиѓа воопшто... средина нема. никој нема да рече дека вејронот е возило ВООБИЧАЕНО, затоа што секој еден има сенс за невообичаено, каков што е дизајнот на ова возило. па така, според мене, јас би го употребил за трки... али за секојдневно возење, не... одвратен ми е...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43929
  • Il Moderatore
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #439 на: 30 Август 2015, 16:14:39 pm »
Види го бе ко маус за РС е целиот вејрон

Мрсул да не фрлиш врз него, ако ти го дадат, на комшија да му го поклониш од што е заникаде  :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55051
  • Махер
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #440 на: 30 Август 2015, 16:37:51 pm »
Страва е вејронот. Објект кој е толку напреден во својата категорија што нема да е надминат веројатно додека не му искочи наследникот. Мир, спокој, растеретеност, елеганција, и сето тоа при брзини над 400кмч. Тешко е тоа да се сфати од просечниот граѓанин.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #441 на: 30 Август 2015, 16:39:19 pm »
Страва е вејронот. Објект кој е толку напреден во својата категорија што нема да е надминат веројатно додека не му искочи наследникот. Мир, спокој, растеретеност, елеганција, и сето тоа при брзини над 400кмч. Тешко е тоа да се сфати од просечниот граѓанин.

бидејки ти си надпросечен и го имаш доживеано?

мир, спокој и растеретеност на 400км/ч тешко... адреналин ке те убие... а елеганција, нема кој да ја види и доживее на таа брзина...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #442 на: 30 Август 2015, 16:50:30 pm »
Вејрон не е кола на која што се гледа со разум. Вејрон е кола за која што не ти требаат никакви оправдувања, ниту пак треба да се водат вакви дискусии. Вејрон е кола што само вистинските љубители на автомобилите ја разбираат. Може да не ти е по ќејф, може да имаш 100 милиони на сметка и пак не би ја купил, ама мора да се почитува.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29792
    • CARclub.mk
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #443 на: 30 Август 2015, 16:53:01 pm »
еднаш мислев дека веќе влеговме во дискусија јас, ти и присутните на пиво кога бевме... дискусијата начелно се водеше околу тоа дали треба да се оддаде почит на возило:

-кое индивидуално на секого му се свиѓа по дизајн
-кое има “страшни“ перформанси
-или и двете

по логика е дека ако би купил кола која има НАЈ НАЈ НАЈ перформанси на свет, али е ружна како блатоно во кое се бањаат свињи, ич нема да ми чуе ако сум го купил за да се тркам само и да праам пари... меѓутоа ако ми е за секојдневно возење и користење, џабе му се тие НАЈ НАЈ НАЈ перформанси, ако на дизајн не ми се свиѓа...

значи, изгледот и вкусот за убавина/дизајн на возила како ентериерно, така и екстериерно е исклучиво по лично видување и индивидуално гледиште/вкус... тоа што мене ми се свиѓа, тебе не и обратно... за разлика од снагата/јачината на машина и перформанси, каде што СИТЕ СЕ СЛОЖНИ околу тоа, бидејки има репер и правец што е ок а што не, за дизајнот веќе нема правило.. може да има само нешто што ПОВЕЌЕТО им се свиѓа, но не е правило...

така и вејронов.. со ваков дизајн или многу ти се свиѓа или не ти се свиѓа воопшто... средина нема. никој нема да рече дека вејронот е возило ВООБИЧАЕНО, затоа што секој еден има сенс за невообичаено, каков што е дизајнот на ова возило. па така, според мене, јас би го употребил за трки... али за секојдневно возење, не... одвратен ми е...

Мешаш почит и допаѓање. Тотално различни работи.

Набрзина само ќе се обидам да објаснам зошто според мене Вејронот заслужува почит, без оглед на дизајнот.

Значи.. Имаме возило со 8-литарски W16. Тој мотор во првиот Вејрон испорачува 1000 коњски сили, во Veyron Supersport испорачува ~1200 коњски сили. Моторот од самиот почеток е предвиден да ги испорачува тие коњски сили.

Е сега.. Кога Ferdinand Piech (доскорешниот монарх во VW и all-around annoying prick) го најави Veyron, побарал од инженерите четири работи:

1. Колата да оди од 0 до 100 за помалку од 3 секунди
2. Колата да може да постигне 400 километри на час.
3. Колата да има 1000 коњски сили.
4. Да може со колата да оди на опера.

Првите три работи не се проблем. Секој може на овој-или-оној начин да ги добие тие перформанси. Фрли доволно пари, ќе го добиеш тоа. Ама последното барање е оноа што е уствари тешко. Да имаш кола што ќе ги има сите овие перформанси и карактеристики, и да можеш да отидеш на опера/вечера/штоидае со неа. Во одело, како господин човек. Ден за ден, колку сакаш пати.

Таа комбинација од блесави перформанси (10 години по лансирање на Вејрон, на една рака се бројат колите што имаат подобри перформанси) и лесно секојдневно користење е она што го прави Вејрон достоен за почит. И да не ти се свиѓа визуелно, мораш да го почитуваш инженерскиот труд и успех да се донесе на пазарот кола што може да ги комбинира тие две работи.

Страва е вејронот. Објект кој е толку напреден во својата категорија што нема да е надминат веројатно додека не му искочи наследникот. Мир, спокој, растеретеност, елеганција, и сето тоа при брзини над 400кмч. Тешко е тоа да се сфати од просечниот граѓанин.

Тоа, тоа.

Вејрон не е кола на која што се гледа со разум. Вејрон е кола за која што не ти требаат никакви оправдувања, ниту пак треба да се водат вакви дискусии. Вејрон е кола што само вистинските љубители на автомобилите ја разбираат. Може да не ти е по ќејф, може да имаш 100 милиони на сметка и пак не би ја купил, ама мора да се почитува.

I'm glad we agree.
« Последно менување: 30 Август 2015, 17:54:40 pm zeroSignal »

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #444 на: 30 Август 2015, 17:05:04 pm »
Вејрон ....., ама мора да се почитува.
не.. немора... всушност и не смее... не би требало, не е морално а ни етички... еве зашто:

Мешаш почит и допаѓање.

знаев дека имаме недоразбирање околу овие два поими...

можам да почитувам било кого... предмет не.. не почитувам.. во денешно време на извртени вредности, дете на улица не почитува постар човек, али затоа тука се дискутира за почит кон куп железо...

по прашање било какво со вејронот, иако не ми се свиѓа по дизајн, јас му оддавам почит на Ferdinand Piech за неговата идеја и секако на тимот инжинери кои ја реализирале таа идеја... почит се оддава на луѓе за нивните дела, не и на делата...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20142
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #445 на: 30 Август 2015, 17:16:58 pm »
Нема зошто да се почитува мислењето на постар човек ако збори чисти глупости. Почит се заслужува, а не се следува така да тоа дека мора постари се почитуваат мало морген. Вејронот и неговиот тим си ја имаат заслужено почитта.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #446 на: 30 Август 2015, 17:47:26 pm »
99,9% од пљукачите на вејронот не го ни виделе во живо и го дркале пред 10 години кога излегоа клипчињата со него на јутуб ама ајде еве сега излегоа појаки коли, направија паричка па купија нешто појако и веќе имаат кредибилитет да пљукаат :) :) :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29792
    • CARclub.mk
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #447 на: 30 Август 2015, 17:58:21 pm »
Вејрон ....., ама мора да се почитува.
не.. немора... всушност и не смее... не би требало, не е морално а ни етички... еве зашто:

Мешаш почит и допаѓање.

знаев дека имаме недоразбирање околу овие два поими...

можам да почитувам било кого... предмет не.. не почитувам.. во денешно време на извртени вредности, дете на улица не почитува постар човек, али затоа тука се дискутира за почит кон куп железо...

по прашање било какво со вејронот, иако не ми се свиѓа по дизајн, јас му оддавам почит на Ferdinand Piech за неговата идеја и секако на тимот инжинери кои ја реализирале таа идеја... почит се оддава на луѓе за нивните дела, не и на делата...

Па Вејронот се почитува баш заради луѓето кои стојат позади него, заради технолошкиот напредок и квантниот скок нанапред што го направи. Се почитува како embodiment на тој инженерски успех, ако ништо друго.

Сепак, како и да е, во момент кога почнуваш да губиш аргументи, ја менуваш насоката на дискусијата. Classic onak.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43929
  • Il Moderatore
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #448 на: 30 Август 2015, 18:30:52 pm »
Се нарекуваат "ентузијасти" а маани на Вејрон наоѓаат... Боже, боже боже....

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #449 на: 30 Август 2015, 19:08:03 pm »

Види го бе ко маус за РС е целиот вејрон

Мрсул да не фрлиш врз него, ако ти го дадат, на комшија да му го поклониш од што е заникаде  :D

Ќе му го шитнам
No turbo, no fun :)