Па токму во тоа (според мене) треба да "премиум" возило да се разликува од другите.
Значи, да... ќе искеширам солена сума за Мерцедес значка (макар и со Рено мотор иако до пред 10 години ова беше незамисливо и комично) кој ќе биде поспор од некој Опел, Форд или Хонда и може ќе има и помалку опрема, ама да знам дека парите сум ги дал за да веројатноста за било каков ваков сериозен квар (кој може да ме однесе у гроб или количка ) се сведе на минимум или е еднаква на нула.
А не..шалтаблата била помека, имал помеко теписонче на хаубата од моторот, инфо дисплејот бил пореспонзивен, имал поубава ламба на сунцобранот..
Турам пепел на таков "премиум".
Срамота е на видеото на Мат Вотсон БМВ, Мерцедес, Ланд Ровер да се ваљаат на дното на листата а сите да ги шие една обична Хонда.