Автор Тема: Најдобро теренско возило???  (Прочитано 235560 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #750 на: 26 Јануари 2014, 17:03:45 pm »
Vasil strikes again. Bang on target.


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14157
  • Пудингот на шоферството
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #751 на: 26 Јануари 2014, 17:12:57 pm »
Подвозјето и кај Х6 и кај Х5 е исто,не гледам зошто Х5 би бил подобар од Х6.

Затоа што практичноста се обидува да ја замени со спортски перформанси кои не му одговараат на ваков тип на возило. На крај добиваш возило со многу компромиси на сите страни.

Мојот муабет погоре се однесува на офф роуд перформансите.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16697
  • Keep it 100
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #752 на: 26 Јануари 2014, 17:15:03 pm »
X6 е поставен пониско до подлогата и е опремен со потврда суспензија.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #753 на: 26 Јануари 2014, 17:15:13 pm »
Подвозјето и кај Х6 и кај Х5 е исто,не гледам зошто Х5 би бил подобар од Х6.

Затоа што практичноста се обидува да ја замени со спортски перформанси кои не му одговараат на ваков тип на возило. На крај добиваш возило со многу компромиси на сите страни.

Мојот муабет погоре се однесува на офф роуд перформансите.

Па и нема некои off road перформанси ако веќе некој купува тоа ради офф роуд перформанси..

Плус сигурно нема да акаш возило од 50000-100000 еур во Планина? :)

Ако ти е баш за офф роад перформанси купуваш пак друго а не X6


Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #754 на: 26 Јануари 2014, 17:16:03 pm »
X6 е поставен пониско до подлогата и е опремен со потврда суспензија.

Тамам да го испаркираш пред Урологија. И да им покажеш колкав ти е у ствари

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #755 на: 26 Јануари 2014, 17:23:04 pm »

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #756 на: 26 Јануари 2014, 17:24:44 pm »

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #757 на: 26 Јануари 2014, 18:00:05 pm »
Ако ми продаваш возило со многу простор во внатрешноста кое малку си го кренал, не го нарекувај кросовер, кажи си дека е обичен моноволуменец со повисока позиција за седење

Па тоа Е кросовер. Што мислевте вие дека е кросовер? Теренец?

не му ставај заштитни пластики од страните. Тоа ми е на исто ниво како фејк тјунинг, само што е од фабрика, што го прави уште пострашно.

Заштитните пластики имаат и тоа како смисла затоа што кросоверот сепак ќе се охрабруваш и ќе успеваш да поминеш таму каде што нема да се дрзнеш со обична кола. Од искуство зборувам, ништо не хипотетизирам. Да не беа тие заштитните пластики, каросеријата до сеа ќе ми беше парче напраена. Инсистирам на тие пластики! Не мислеше ваљда дека за украс ги ставаат, а? Или мислеше?

Се разбира, множеството ситуации во кои обична кола не проаѓа, а кросовер проаѓа не е големо, но е постоечко. По земјен пат возам релаксирано, а не на штрек да не дофатам нешто одоздола. Стрмни угорници и удолници не ми се никаков проблем. Длабока вода? Нема гајле. Неутабан снег? Само добра зимска гума и шибај. На трева убацувам во трета. Итн итн...

Кросовер е спој помеѓу својствата на обичен градски хечбек, моноволуменец и теренец. Оттаму и името. Подобро е на терен од обична кола, подобро е на автопат од теренец, подобар е низ град од моноволумен со голем футпринт. Ако немаш предрасуди, ќе видиш дека тоа е одлична автомобилска пропозиција со дефинитивна употребна вредност. Современата технологија (не знам дали сте приметиле, ама повеќето кросовери се на прилично високо технолошко ниво) дозволува тие својства да се умесат во фина смеса. Порано тоа не било можно, но денес е. Затоа и кросоверите се појавуваат денес, а не пред 30 години. И состојбата на светските автомобилски пазари тоа само го потврдува.

За мене, кросоверот е кулминација на развојот на личните моторни возила и тука зборувам во концепциска смисла (не дека кросовери се најбољи друго све е срање како што можеби некој ќе сака да ме разбере па да ме пердаши). Другите сорти на возила ги гледам како на специјализирани за ова-или-она. Но во кросоверот се имплементирани сите автомобилски концепти кои досега се изнедриле во историјата на автомобилизмот. Jack of all trades, master of none.

Но, ако кросоверот го гледаш како неуспешен теренец wannabe (а така го гледате!) тогаш ја пропушташ поентата.

Да отвориме посебна тема ако не. На кросоверите не им е место во тема за теренски возила, особено не за најдобри теренски возила.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #758 на: 26 Јануари 2014, 18:09:02 pm »
Прашањето е дали ќе се вртеше овој муабет ако ти увалеа 4х4 погон во твојата кола... Или тогаш 4х4 ќе беше ултимативната предност дури и на асфалт?

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #759 на: 26 Јануари 2014, 18:10:41 pm »
Прашањето е дали ќе се вртеше овој муабет ако ти увалеа 4х4 погон во твојата кола... Или тогаш 4х4 ќе беше ултимативната предност дури и на асфалт?


Јас имам некаков 4x4 погон. Се нашол на снег и лизгаво до сега.



Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #760 на: 26 Јануари 2014, 18:12:23 pm »
Прашањето е дали ќе се вртеше овој муабет ако ти увалеа 4х4 погон во твојата кола... Или тогаш 4х4 ќе беше ултимативната предност дури и на асфалт?


Од возачки аспект, 4x4 е секогаш предност, но не секогаш неопходност. Да немав асфалтиран пат до куќава, ќе купев 4x4. Но вака? Не. Зошто цело време да влечкам со себе систем кој ретко или никогаш нема да го користам? До сега (куц куц) не сум заглавил никаде.

По трет пат: имам многу возено теренци и многу добро знам во кои ситуации мора 4x4 а во кои не мора.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #761 на: 26 Јануари 2014, 18:17:07 pm »
Тоа што ти имаш возено теренци, не е проблем.

Проблем е што имаш кола со 2WD, па сега треба да го браниш од некои причини. Но, реално нема никаква предност пред 4WD освен во некој замислен паралелен универзум. Поготово на „подигнато“ возило. Ај спортекс вика он никад не излегол од асфалт, ама ти велиш излегуваш, и пак муабети за 2WD...

Иако ASXот има добар систем за AWD со 50% позади, за разлика од просекот кој е околу 40%.


Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #762 на: 26 Јануари 2014, 18:28:45 pm »
Кросовер е спој помеѓу својствата на обичен градски хечбек, моноволуменец и теренец. Оттаму и името. Подобро е на терен од обична кола, подобро е на автопат од теренец, подобар е низ град од моноволумен со голем футпринт. Ако немаш предрасуди, ќе видиш дека тоа е одлична автомобилска пропозиција со дефинитивна употребна вредност. Современата технологија (не знам дали сте приметиле, ама повеќето кросовери се на прилично високо технолошко ниво) дозволува тие својства да се умесат во фина смеса. Порано тоа не било можно, но денес е. Затоа и кросоверите се појавуваат денес, а не пред 30 години. И состојбата на светските автомобилски пазари тоа само го потврдува.

Каде виде дека имам предрасуди? Што пиша ти во овој пост што е спротивно со тоа што го кажав? Можат да направат добра комбинација на својства, имаат технологија, таа технологија не е многу скапа, но и покрај тоа решаваат да не направат. Тоа е проблемот. Можат, а не прават. Продаваат нешто што личи на теренец, а не е ниту од далеку.

Нека си кажат искрено, ова возило е за луѓе што сакаат добра прегледност на патот, во случај на судар со друго возило сакаат да бидат во повисокото (побезбедно) возило и нема да има никакви недоразбирања.

Во ниту еден случај не реков дека кросоверот е непотребен. Ниту пак реков дека ти си утнал работа со тоа што си го купил, не гледај на се како на напад, до пред постот на Дени мислев дека си земал како тоа на клиповите што ги пушти со погон на 4.

Кросовер кој нема никакви теренски способности не треба да се нарекува така. Ставање на заштитни пластики на возило со преден погон кое никогаш нема да види камче е маркетиншки трик.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17389
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #763 на: 26 Јануари 2014, 18:32:07 pm »
Подобро е на терен од обична кола, подобро е на автопат од теренец, подобар е низ град од моноволумен со голем футпринт.

Полошо е на терен од обичен теренец, полошо е на автопат од автомобил, полошо е низ град од моноволумен затоа што:

не му ставај заштитни пластики од страните. Тоа ми е на исто ниво како фејк тјунинг, само што е од фабрика, што го прави уште пострашно.

Тоа значи дека во глобала, кросоверите се лоши автомобили, лоши теренци, и лоши моноволумени, со што доаѓаме до заклучок дека се општо - лоши.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #764 на: 26 Јануари 2014, 18:34:49 pm »
Кросовер гледајте го како Jack of All Trades, Master of None.

Да, може многу работи да прави, али во ниту една од тие работи не е нешто специјално добар. Возило со премногу компромиси за да задоволи премногу потреби, фиктивни или реални.

Барем јас така размислувам и така ги гледам. Секако, си имаат свои позитивни страни. Високото седење, генерално добрата прегледност, полесно справување со лош асфалт и швицарско-сирење-улици, тротоари, ивичњаци, итн.