Автор Тема: Најдобро теренско возило???  (Прочитано 243500 пати)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #735 на: 26 Јануари 2014, 15:47:13 pm »
X6 vs X5

500литри багажен простор vs 620литри, и тоа многу попрактичен и попристапен.
2+2 возило наспрема возило за 4-5 луѓе.
Намалена прегледност позади.
Претврда суспензија која не е at home на ниеден терен, ниту брзина, наспрема мека удобност.
Поефтино = простор за повеќе опрема при иста цена.
Ти се смеат зад грб сите.

Што вели carbyer:
http://www.carbuyer.co.uk/reviews/bmw/x5/suv/review
http://www.carbuyer.co.uk/reviews/bmw/x6/sports-utility-vehicle/review

Што вели топ геар:
http://www.topgear.com/uk/bmw/x5
http://www.topgear.com/uk/bmw/x6

X5 е многу пофино возило од X6, и пред се поголемо. Има место внатре, за разлика од X6. И за луѓе и за се. Непотребно претврдо е, од друга страна и „спортско“ може да го наречат само луѓе кои не виделе нешто спортско.
И двете се by far прескапи.


Во случајов не праша Филип за восни карактеристики X6 vs X5.

Туку X6 vs Serija 5 Седан,

бидејќи моето мислење беше дека ако некој сака возни карактеристики ќе купи Серија 5. Ако сака практичност X5.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #736 на: 26 Јануари 2014, 15:51:20 pm »
Wtf!? Зa серија 5? Не ваљда...

Од кај да почнам... Оф ова ќе потрае, батали.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43714
  • Il Moderatore
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #737 на: 26 Јануари 2014, 15:53:18 pm »
X6 e BMW 6 coupe за неписмени.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #738 на: 26 Јануари 2014, 16:03:39 pm »
X6 e BMW 6 coupe за неписмени.

За дигнати.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #739 на: 26 Јануари 2014, 16:06:53 pm »
X6 e BMW 6 coupe за неписмени.

За дигнати.
Буквално. Браво за ова.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #740 на: 26 Јануари 2014, 16:13:36 pm »
X6 e BMW 6 coupe за неписмени.

За дигнати.

Грешка си.. За оние што мислат дека се дигнати , или WannaBe дигнати

p.s. Мислам дека имаме замена за темата за Opel Adam :)

p.p.s. @Falanga Ќе биде другарски ако дрвиме за BMW X6? :)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #741 на: 26 Јануари 2014, 16:29:58 pm »
Во случајов не праша Филип за восни карактеристики X6 vs X5.

Туку X6 vs Serija 5 Седан,

Не, прашав за Х6 вс Х5, види поубаво.

Бенџамин 5 седан не ми падна на памет пред да го спомнеш ти. Сериозно мислиш дека би прашувал за споредба на возни својства меѓу X6 и седан 5??

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #742 на: 26 Јануари 2014, 16:34:39 pm »
Во случајов не праша Филип за восни карактеристики X6 vs X5.

Туку X6 vs Serija 5 Седан,

Не, прашав за Х6 вс Х5, види поубаво.

Бенџамин 5 седан не ми падна на памет пред да го спомнеш ти. Сериозно мислиш дека би прашувал за споредба на возни својства меѓу X6 и седан 5??

Филип цело време споредувам X5 за практичност во однос на X6 a обична 5 -ка за возни карактеристики.

Еве ти и копи пасте:

"Цитирано од: krell на Денес во 13:52:25

Krell :
X6 дефинитивно има полоши возни карактеристики од обична 5 -ка.


FilipV:
Ова тврдење, особено кога е - како што велиш - дефинитивно, звучи многу интересно. Затоа, би сакал да дознам повеќе околу ова.

Дали би можел по подробно да објасниш како 6-ката има полоши возни својствас од 5-ката?
"


И еве ти уште еден линк:

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,5343.msg598660.html#msg598660

Ама ај да речеме не сме се разбрале. Значи и ти се слагаш дека нема поента X6 -ва во однос на X5 ili 5 -ка Седан?


http://blogs.motortrend.com/2009-bmw-x6-perfectly-pointless-1816.html


Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #743 на: 26 Јануари 2014, 16:36:10 pm »
Подвозјето и кај Х6 и кај Х5 е исто,не гледам зошто Х5 би бил подобар од Х6.

Затоа што практичноста се обидува да ја замени со спортски перформанси кои не му одговараат на ваков тип на возило. На крај добиваш возило со многу компромиси на сите страни.

на кој му треба, нека си го купи тој иск мод шмикс шмод.

Но, да ги отфрлаш кросоверите пошто не биле способни на терен ко прав теренец е исто ко да отфрлаш алфа 159 затоа што на аутопут не е способна како астон мартин дб9. Навистина, 159-ката не е ни приближно способна на аутопут како дб9, но тоа не ја прави без смисла.

Ме разбирате?

Никој тука не спомна дека очекува обичен кросовер да биде добар офроудер како Рубикон, така да споредбата не ти важи.

Пред некоја година бевме да го прошетаме дедо ми до селото каде што се родил. Патот натака иако асфалтиран, имаше длабоки канали каде што поминувале возилата и 2 пати закачивме во грпката по средина. Да имавме обичен кросовер со погон на 2 тркала, немаше да го имаме овој проблем.

Но, по кратко време колку толку цивилизираниот пат заврши. Пред нас беше пат од многу длабок ситен песок, се почувствував како во пустина. Имаше и многу стрмни делници. Тука таков обичен кросовер со погон на 2 или лош погон на 4, пак нема да помине. Значи повторно ќе искочеше истата приказна. Пак ќе требаше да го оставиме кросоверот и да продолжиме пеш последните неколку километри или пак уште полошо ќе тргневме охрабрени од рекламата на производителот и ќе заглавевме на сред пат.

Тоа е работата која не ни се допаѓа кај тие кросовери. Кога можат градски возила како Голф да се нудат со погон на 4 тркала, кај кросовер таков погон не би смеел да биде во дополнителна опрема. Барем во денешно време, со сите компјутерски системи кои се толку достапни и евтини, може многу лесно да се развие систем против пролизгување кој нема да се изрезили кога едното тркало ќе изгуби контакт. Не бараме механичко заклучување на диференцијали и низок степен. Таков систем освен на лош терен има примена и на обичните замрзнати патишта.

Затоа е срамота што во кросовер се штеди на вакви работи. Ако ми продаваш возило со многу простор во внатрешноста кое малку си го кренал, не го нарекувај кросовер, кажи си дека е обичен моноволуменец со повисока позиција за седење и малку полоша потрошувачка и не му ставај заштитни пластики од страните. Тоа ми е на исто ниво како фејк тјунинг, само што е од фабрика, што го прави уште пострашно.

за значението на граунд клиренсот:

(дени ти не гледај, иди у друг таб види што се дешава)

[youtubeе]http://www.youtube.com/watch?v=araE1jRDFoI[/youtube]

[youtubeе]http://www.youtube.com/watch?v=hov-sL63coc[/youtube]

не е нива или г-класа, ама не е ни спуштен седан/хечбек...

Ова е и демонстрација на системот против пролизгување. Тој стариот теренец кој помина преку бандерата како да не е таму на првото видео многу подобро го демонстрира значењето на висината. Твоево прикажа добра контрола при врвот на брдото кога едното тркало беше во воздух, а системот го закочи и ја прати силата кон другите тркала. Многу задоцни системот со реакцијата, но сепак „му текна“ дека треба да ја активира таа кочница. Во оваа ситуација помина, но во друга бавната реакција може да му направи поголеми проблеми. Тоа го бараме од кросовер во сите ситуации, без разлика дали предното задното или 3 тркала изгубиле контакт, системот треба веднаш да ги активира кочниците на нив и со тоа да ја пренасочи силата кон тркалата што можат да те извадат.

Пред да тргнеш на неафалтиран пат не можеш да бидеш сигурен дека нема да ти треба таков систем и дека само растојанието на подлогата ќе ти биде доволно. Подигнато возило без добар погон нема поента.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #744 на: 26 Јануари 2014, 16:36:41 pm »
Даре, OK, не сме се разбрале. Под „обична 5-ка“мислев дека зборуваш за Х5, бидејќи не ми ни падна на памет дека би споредувале Х6 со кој-било седан во категоријата „возни својства“ бидејќи е споредување баби и жаби.

Подигнато возило без добар погон нема поента.

Има поента бидејќи проаѓа на места на кои што не-подигнато возило не проаѓа. И тоа практично многу лесно се демонстрира.

Имам многу возено теренци и многу добро знам кога сум имал потреба да упалам погон на сите 4, а кога погон на 2 бркал работа.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #745 на: 26 Јануари 2014, 16:39:30 pm »
OK, не сме се разбрале. Под „обична 5-ка“мислев дека зборуваш за Х5, бидејќи не ми ни падна на памет дека би споредувале Х6 со кој-било седан во категоријата „возни својства“ бидејќи е споредување баби и жаби.

Па тоа зборам цело време. X6 дека нема поента. Еве уште еднаш:

Ако купуваш кола ради добри возни карактеристики купуваш обична 5 -ка (Седан).

Ако сакаш практичност на СУВ купуваш X5.


Каде е местото на X6 -ka? Зашто?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #746 на: 26 Јануари 2014, 16:41:02 pm »
Каде е местото на X6 -ka? Зашто?

Не знам зашто ме ставаш у позиција да ја бранам икс шеската? Не изнесов никаков став за Х6 кој сега би го бранел.

Прашај ги тие што ја купиле или ја посакуваат, не мене.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14290
  • Пудингот на шоферството
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #747 на: 26 Јануари 2014, 16:55:35 pm »
Х6 спаѓа во непрактични Сув-ови.Односно оној кој нема потреба да пренесува спална,дневна,кујна со него туку најкултурно ке си плати камионче да му ја заврши таа работа.
 :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Re: Најдобро теренско возило???
« Одговори #748 на: 26 Јануари 2014, 17:02:53 pm »
X6 спаѓа у исклучително агресивна дијареа. Да рефразирам, Х6 го редефинира поимот "исклучително агресивна дијареа". Одвратно бескорисно ѓубре.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #749 на: 26 Јануари 2014, 17:03:15 pm »
Х6 спаѓа во непрактични Сув-ови.Односно оној кој нема потреба да пренесува спална,дневна,кујна со него туку најкултурно ке си плати камионче да му ја заврши таа работа.
 :)

И добро ако некој не купува СУВ ради една од битните ствари зашто човек купува СУВ (Практичност), што останува како добра карактеристика за да се купи баш X6?