Џандарите се криви што прво тие прават прекршоци пример, возат без светла, не носат појас, зборуваат на телефон, возат премногу брзо или премногу бавно, пуштаат сирена да поминат на црвено.
Второ, не постои превенција во нивното делување, само казни и толку.
А за тоа какви возачи сме, тоа и Германци да дојдат да не окупираат, нема да се оправиме.
Ние сме стока, нас ни треба синџир во форма на камери на секоја раскрсница, цивилни автомобили со камери кои сликаат секое пречекорување и на споредни улици, ќе видите тогаш како ќе се среди кулутра во возење.
На крај доаѓаме до еден уште погорлив проблем, што се однесува до сообраќајот, ...патна инфраструктура низ градовите.
Немаат капацитет градовите за сообраќајот кој секој ден се зголемува се повеќе и повеќе.
Тоа предизвкува нервоза, непромисленост, непрегледност и автоматски сообраќајни прекршоци и незгоди.
Секаде во светот има проблеми во сообраќај, тоа е неминовен проблем, но може секој проблем да се сведи на минимум.