Факт е дека шоферот на комбето одземал живот. Сигурен сум дека не сакал да го стори делото, и можеби не бил свесен дека прави дело, но ете биднало.
Жената е мртва.
Сега судбината на шоферот е во рацете на судските органи.
Истите судски органи кои што:
- му пресудија два месеци условно на Урко кој што уби моторџија со тоа што му пресече патека на движење преку две полни линии на булевар.
- му пресудија смешни неколку месеци затвор на Ален кој што разнесе дедо на партизанска со брзина кој што е својствена на автопат
Сега во оваа ситуација, законот за возачот на комбето ќе биде ригорозен и ќе го фукнат 5 години во ќорка, а можеби и повеќе.