@howitz си возел ли некогаш комбе?
Знаеш ли колку е лоша прегледноста позади, особено ако комбето е фургон со целосно непровидни прозори?
Жената нека има 75кг, кога возиш во рикверц тие 75кг нема да ги осетиш кога ќе ги удриш, се додека не ги прерипаш со тркала.
Од каде знаеме дека жената не "претрчала набрзинка" позади комбето, и дека возачот следел на ретровизор дека нема никој?
Кај нас пешаците на црвено на Партизанска претрчуваат и мртви ладни се дека прават прекршок, зашто и во оваа ситуација да не се посомневаме барем за миг дека вината не е кај шоферот?
Секогаш е крив тој што ќе убие, во ситуацијава типов може немал појма дека му се насадила жена позади комбе.
А што ако женава била алкохоличар, или наркоман, издрогирана и незнаела каде иде.
Што ако шоферот е семеен човек, со деца, без никаква дамка прекршочна, не пие, не пуши, крводарител, одговорен и дисциплиниран работник.
Кој е сега крив?
