Kласика како за форумов, згазен пешак и автоматски сите уште на невидно го бранат шоферот... А потоа првиот што ќе каже дека шоферот во таква ситуација не може да не е крив, јаде критики од сите по ред.
Сме го правеле муабетов повеќе пати, неколку пати реков дека возачите имаат дупло поголема одговорност од пешаците. Пешаци се и: старци, болни, слепи, инвалиди, деца, итн... Луѓе кои не се секогаш способни за правилни одлуки и соодветни реакци. Еве баш соодветен пример за тоа, пошто женава да имала 20-тина години помалку ќе успеела да рипне на страна.
Шоферот најверојатно одел пребрзо во рикверц (сум гледал чести примери) и не гледал доволно внимателно, слепи агли има ама да внимавал требало да го слушне макар викањето од жената кога првично ја бутнал. Но приметил дури кога разбрал дека е комбето е качено на нешто. Нема што тука да се брани, крив е во било која замислива варијанта освен ако женава не извршила самоубиство (за што ваљда не морала прво да оди да пазари и да носи кеси со продукти).
Колку што е точно дека секој прво за себе е одговорен, и дека на жената и е сега сеедно што шоферот е крив и ќе добие кривична за убиство од небрежност, така е точно и дека шоферот е крив и дека треба да биде ригорозно казнет - за памет и на сите што управуваат со превозни средства (или било што друго). Невниманието во сооброаќајот никогаш не било оволку големо и сеприсутно, ваквите случаи се добар показател за тоа.