ОК, се согласувам со повеќето од кажаното. И јас сум за почитување закони и правила, и јас сум против брзо возење во град, или било каде, и јас сум против ригидни додатоци однапред - зошто однапред може (скраја да е) да се удри човек. Но куката позади (или нешто подобро) штити отпозади каде во огромниот број случаи ќе има штета тој што е крив.
Муабетот ми е следниов. Законот се крши и со нешто побрзо возење од дозволеното. Тоа потенцијално е многу поопасно за јавната безбедност отколку прекршување на законот со ставање кука. Е сега смешното е што за тоа не гледам дека многу се потресуваат момциве, дотаму што и се делат совети за прекршување на лимитот „само“ до ~25км/ч за да се помине само со поени при евентуална казна.
Но кога спомнав дека ќе ја вратам куката наеднаш еден куп безгрешни загрижени граѓани ми се нафрлија како и зошто ќе сум го кршел законот.

Од пребрзо возење може да настрада некое дете (или возрасен), како што често и гледеме дека страдаат, и умираат. А од мојата кука може да настрада само некој што сам заебал работа. И јас сум тука тој опасниот непочитувач на закони?
Малку хипокритично, ама тоа е.