Ја со месеци поминувам без да свирнам (освен на клабер) и без да ми свирнат (освен сељаци у микросекунда по палење зелено, кои не ги ни есапам) низ градов. Културата во сообраќајот во Скопје е навистина на многу ниско ниво, ама не е полоша од она што е надвор од Скопје во државава. Да не се лажеме. Динамиката можеби е друга, густината друга, ама каква некултура има по другине градови - Скопје може лекции за културно понашање да им држи.
За Луки разбирам. Доаѓа од цивилизирано општество и се сретнува со културен шок кога ќе дојде во државава. Е сега, во Скопје во еден ден, има динамика на сообраќај колку што има во Кавадарци (на пример) во пола година. На кој му е некултурно возењето во Скопје, му препорачувам на тренинг да појде во Тетово и Гостивар малце, пошто има голема густина на сообраќај и иста некулутра ко во секој друг дел на државава. Скопје ќе му се види оаза мира.
