У Скопје само тие од провинција се обврзани да ги почитуваат сообраќајните прописи, меѓу кои и треба да имаш видовити способности за да можеш да претпоставиш кога некој од домородното население сака да сврти или да се престрои од крајна лева во крајна десна лента. И ако немаш кола на лизинг со СК табли, обавезно тампони за уши да се користат зашто сите свират под дифолт, кога се најдат позади тебе. Кога дојдат во провинција на кружните задолжително вртат од обратна насока, чисто да се знае дека се од Скопје ако некој случајно не ја приметил таблицата.