мвр е крив што нема полицаец за секој што влегува во кола придружба? А архитектите дека нема прегледност на партизанска на пешачки.
Да нема забуни вакви. Архитектите се плукаат за многу работи, ама овие работи се во надлежност на сообраќајни инжинери. Тука имаат одговорност и служби за градско зеленило, кои освен што се бават цело време со садење цвеќиња, мора да внимаваат на зеленило што загрозува безбедност.
Градот пред некои 10-тина година почна да го форсира ова централно поставено зеленило и си добивме шума на сред улица од која не се гледа буквално ништо. Навиките за проаѓање улица во манир на говедо (било каде) кај луѓето си останаа (не е коментарот наменет за случајот со девојкава), само што сега е потешко да се забележат на време.
Би бил стварно среќен тие градски служби (НЕ архитекти) да почнат да работат. На пример во минатото (кога ова стварно беше држава) ако живееш во куќа и имаш аголна локација, заради прегледност не смееше да имаш жива ограда или каква било друга, која е нетранспарентна. Денес имаш 2 метарска шума со обвиен сообраќаен знак за предност, цркната улична сијалица, секој ден се лупаат коли и криви се само возачите.