Еве за да не се давите ко мачорине надвор јас ќе ви кажам, бидејќи го имам работено тој проект и кај нас, чека на договор помеѓу банките па да се спроведе.
Камери мораат да имаат сите возила кои се купени на лизинг и други начини каде сопственик на возилото е банката или осигурителната компанија. Поволности при осигурување никаде нема (барем не се спомнуваат во project scope-от). Дополнително имаат сензор за алкохол, SIM картичка и често имаат камера назад. Предвидена е и конекција со OBD па банката има и црна кутија во случај на сообраќајка. Секое едно возење под дејство на алкохол се забележува во банката. Исто така банката има можност да зема скриншотови од камерата на нивна дискреција. Ти на сето тоа се согласуваш кога го потпишуваш договорот за лизинг.
Банката против тебе може да поднесе пријава за одземање на возилото ако често возиш под дејство на алкохол. Банката има цел куп начини како да те следи и контролира дали НИВНОТО возило го користиш како што е редот или не.
Истово и кај нас се смета дека ќе се вклучи во наредните 5 години а и секаде во регионов каде се прават вакви идиотштини и дубари со возилата.
Секако, кога ја проверував изјавата на онак вчера, една интересна изјав на руски возач прочитав: ништо страшно ако заборавиш панталони да облечеш, страшно е ако ја заборавиш камерата дома.
Страшно е зошто ќе ти влепат казна или ќе ти ја земат колата (пошто не е твоја туку е нивна), ете зошто е страшно. Ако ја удриш колата а нема на снимка, тогаш каското не ти важи, ја плаќаш колата и ја губиш (сеа не знам дали баш така практикуваат, ама така е предвидено).