Нешто слично ми се случи пред нешто помалку од два саата.
Возев нешто накај Центар. Стигам до раскрсницата на Партизанска со Октомвриска револуција, зелен семафорот. Возиме неколку коли во колона во левата лента, можеби околу 60-65 на саат. Стигаме до двоењето за посебна лента за лево, таа полна. Продолжуваме да возиме.
Одеднаш, троглодитот пред мене во тркачка Опел Тигра, од брзите, решава дека сака да сврти лево и да застане пред сите други во лентата за вртење лево. И фино, од 60-65 на саат, дечкото без жмигавец, без факинг ништо си заврте и си застана. Мислам дека го промашив за помалку од 10 цм. Копито.