Некни во четврток бев во Скопје со кола.
На кружниот кај Континентал, возам во најдесна да се исклучам накај Скопски саем, од внатрешниот круг се мушна пред мене во мојата лента, наместо во слободната лента. Без жмигавец.
Два автобуса не ми дадоа да се престројам во од средна во десна лента, со уредно пуштен жмигавец и на испрекината линија. Намалив да се престројам зад нив. Ме поздравија звучно тие позади мене. Трет автобус замина пред мене на црвено.
На излез во Автокоманда, на последниот семафор кај Лукоил. Стојам на црвено, светнува зелено за мене, црвено за пешаците. Пешаците минуваат, јас стојам на сред пешачки со кола и се чудам што да правам, дали да возам, дали да стојам.
Намалувам за патарина. Две коли од најлева лента, милиметарски се мушнаа пред мене во најдесна слободна за патарина, на неполни 50 метри до рампите кадешто почнуваат овие бетонските разделници пред рампа.
Ненормална работа.