Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Цитат: Миле Џонтра на 05 Октомври 2015, 11:27:56 amА што велиш за град 4 пати поголем од Скопје а со 4 пати помалку возила?Велам средена инфраструктура.
А што велиш за град 4 пати поголем од Скопје а со 4 пати помалку возила?
Поарно е вака со повеќе, побрзо ќе соберат за нови улици
Тоа е идејата Спенсер, нека биде 50, не ми пречи мене тоа. Ама проблемот кај нас е ЕсДеЕс бара глупости (намалување на 50км/ч, наместо инфраструктурни решавања на безбедносните ризици), а утре на телевизија ќе излезат ВеМеРо и ќе кажат „Ете, ние се` направивме“. И qр, ништо не сме направиле! Сообраќајот катрастрофа, пошто инфраструктурно ништо не сме направиле, а џандарите ќе си берат со радарите.BTW, Миле total number of motor vehicles registered on the Prague territory за 2013?: 855057. Тешко дека има 4 пати помалку од кај нас возила. Извор: http://www.tsk-praha.cz/static/udi-rocenka-2013-en.pdf
Многу јасно. Со повеќе колеги со кои зборував го дадоа истиот одговор: што ќе ми е кола, па да плаќам 60 од цената на горивото како давачки, да плаќам ненормални суми за паркирање, да ја пазам каде ја оставам и дали сум изел бонбонче гриоти. Јавниот превоз е така организиран и ефтин што нема никаква поента поседувањето на возило.
Кога ќе одземеш од тоа дека најголем број од тие се комерцијални возила (бидејќи Чешка (и Унгарија) живеат од меѓународен транспорт) тогаш тука е некаде бројката.
да ве известам дека точно на тој начин пред 15-тина години, татко ми погина, на водњанска... кретенот со автобусот на водњанска НАГОРЕ, на семафорот кај дал фуфо, му дал гас до даска на автобусот (50-ка од јсп), и буквално прелетал на пешачкиот.. мерењето од полицијата било дека возел блису 100-ка... 16 метри кочен траг од сите тркала... другите луѓе од пешачкиот се разбегале, а стариот мој бидејки имаше сериозни проблеми со нозете, само се здрвил во место и тоа е тоа... после 2,5 дена кома во интензивна нега си отиде човекот, а копилето од јсп само го преместиле на друга линија да вози, во друга гаража... ако го пишам и презимето на истиот, ке ви биде јасно дека со вистински човек во фамилија се проаѓа не казнето т.е. со условна казна исто како алачаки, за убиство...
До сега требало да го одмаздиш...