Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3887126 пати)

Отсутен A4-B8

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
Внатре има копче за отклучување на самата кола. Плус, иако е заклучена, секоја кола се отвара од внатрешната страна. Нешто овде смрди....


Не баш секоја кола се отвара од внатре ако е заклучена со клучот...

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5233
  • The Spartan General

Не баш секоја кола се отвара од внатре ако е заклучена со клучот...

Не знам, барем десетина пати се имам заклучувано внатре (клучот во џеб), па со копчето на шалт табла, или со рачката на вратата сум отварал (на сите мои возила досега).

Јас мислам дека секоја кола без разлика дали клучот е внатре или надвор, мора да се отвара од внатре. За недај Боже во случај на пожар или несреќа. Можеби сум и грешка.

Заштита за од деца има само на задните врати (барем така е на коли со четири врати).

Плус, како крадат кола кога кршат стакло? Како ја отвараат вратата?

Сакаш да се кладеш дека доколку се заклучи со клучот тоа копче не работи? Тоа беше првата работа што беше пробана, не може ни џамовите да се спуштат. Копчето работи само кога клучот е на колата и автоматски кога се заклучува кога колата поаѓа, а кога е заклучена колата со клучот, имало некаква си заштита од деца и колата не се отклучува.

Зошто да се кладам, нема потреба. Само ми е чудно кола да не се отклучува/отвара одвнатре. Некој жив ќе изгори заради таков глупав дизајн.  :(
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Внатре има копче за отклучување на самата кола. Плус, иако е заклучена, секоја кола се отвара од внатрешната страна. Нешто овде смрди....


Не баш секоја кола се отвара од внатре ако е заклучена со клучот...

Фала ти другар за одговорот, јас стварно не знам што е работата со некои членови овде на форумот... што би имал јас од корист доколку ве излажам... само споделив лоша случка од која жената претрпе паничен напад додека го чекавме оној од комуната да дојде да ми отвори вратата од станот за да го земам резервниот клуч. Ова не е прв пат на некој член да му смрде тоа што го пишувам и споделувам со останатите... ке гледам уште поретко да пишувам и да сум активен пошто премногу накурчени фаци има овде јебига


Зошто да се кладам, нема потреба. Само ми е чудно кола да не се отклучува/отвара одвнатре. Некој жив ќе изгори заради таков глупав дизајн.  :(

Чудно нечудно, ете има и постои. Видете некоја личност нова на форумот и сакате да го дрвите или не знам кој ви е филмот... али нема веза
п.с. децата седат врзани за седиштата и тешко е да прескокнат напред и да отворат врата кога родителот отишол до бензинска да купе цигари?

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4130
Кај мене колата доколку е заклучена со клучот не се отвара одвнатре, ни со копчето за централно, ни со некоја квака. Јас имав слична дешавка како на tjolie, си ги заклучив клучевите во багажникот, идеа моите до Гевгелија да ми го носат резервниот.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7124
  • Бенве сие бенве
Не сум пробал кај мене како е, ќе пробам утре.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Што кола имаш другарче?  И зашто 200ецра ти лапнал домарот кога тој е вработен таму?

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5233
  • The Spartan General
.....

Јас и накурчен сме две дијаметрално спротивни нешта. Чисто ми стана премногу чудно кола да не може да се отвори одвнатре.

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Што кола имаш другарче?  И зашто 200ецра ти лапнал домарот кога тој е вработен таму?
BMW 318i 2010

Ете такви биле правилата, пошто резервниот клуч беше во жената, а жената заклучена во колата. Баш ни беше и нас чудно, али ни кажаа дека кога еднаш ке платиш 200евра за да ти отворат врата, друг пат ке мислеш и ке внимаваш да не се случи истото(јбг овоа не се случува секојден, али ете случува се и тоа), зошто ако било евтино луѓето немало да водат сметка за клучевите.
п.с. не ни земал домарот, туку комуната наплаќа толку

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44964
  • Il Moderatore
На Стилото имам "deadlock" опција, со две притискања на заклучено, механички ги откачува рачките од бравата. Нема отварање ни од внатре така. На 159 мислам дека на сингл клик се активира истата опција (дифолт така се заклучува) - не сум проверил додуша, баш ќе проверам....

Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7124
  • Бенве сие бенве
На косата б,  кога ќе го свртев централното до крај заклучуваше да не може и од внатре да се отвори. На Бмв то не сум пробал

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
На Стилото имам "deadlock" опција, со две притискања на заклучено, механички ги откачува рачките од бравата. Нема отварање ни од внатре така. На 159 мислам дека на сингл клик се активира истата опција (дифолт така се заклучува) - не сум проверил додуша, баш ќе проверам....


Така е и во Голфот. По дифолт е со дедлок - тотално се деактивирани внатрешните кваки.

Поентата е ако некој скрши прозор, да не може да бутне рака и од внатре да ја отвори колата. Не дека ќе го запре тоа да влезе внатре, али ќе му отежни работа.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Тоа е за копиљот да седи у кола дур идеш до Кам.

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
На Стилото имам "deadlock" опција, со две притискања на заклучено, механички ги откачува рачките од бравата. Нема отварање ни од внатре така. На 159 мислам дека на сингл клик се активира истата опција (дифолт така се заклучува) - не сум проверил додуша, баш ќе проверам....


Јас пак имав прочитано некаде дека на вектрата со второто притискање на заклучено го активирам имобилајзерот :) а и на второто стегање штракнува нешто, но потивко од првото. Е сега дали е дедлок или имобилајзер појма немам, но бидејќи штракнува можи да е првото.

Впрочем и кај мене кога е заклучена на далечинското, копчето за отклучување кое е на вратата не функционира. Еднаш ми се заклучи со клучот внатре и кога дојде тој што ми ја отвараше прво проба да стегни на тоа копче од вратата бидејќи беше подостапно отколку клучот кој беше во бравата, но неуспешно. Па после одвај го изваде клучот од брава и преку него отклучивме.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5233
  • The Spartan General
На е90 имало deadlock. Арно ама, ако го притиснеш копчето на централната конзола, и два пати ја влечеш рачката на вратата и се отвара. Наводно. Може да тестираш и да кажеш дали е така.  :)
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
На е90 имало deadlock. Арно ама, ако го притиснеш копчето на централната конзола, и два пати ја влечеш рачката на вратата и се отвара. Наводно. Може да тестираш и да кажеш дали е така.  :)
Баш утре ке проверам, али и пример да се отклучува, од каде јас би знаел за ова еве ако не го слушнев од тебе и ти доколку не го изгуглаше денес? Јас како прво ни сум слушнал за deadlock, на кола од 95тите немаше ги тие работи. Инаку знам пример кога автоматски се заклуче со возење, кога колата застане, вратите сеуште се заклучени, со два пати влечење на рачката се отклучува вратата, али баш ке проверам за ова утре и ке те известам.