Излаваме од дома со жената ке одеме на прошетка. И викам си ке ја препаркирам на сенка колата под едно дрво да ме чека во колата, додека ја да ставам течноста за прскачите. И по навика клучовите во рака, арно ама немам џепови на едни шорцеви и клучевите ги оставам на крајчето од хаубата за да наполнам течноста(маме му јебем, 5 литра течност збирало) и заборвам дека клучевите таму ги ставив и несвесно затварам хаубата и се слушна ШТРАК. И јас си викам, не знаев дека и овоа се заклучува(првпат ја отварав хаубата, нова кола ми беше, чисто информативно). Оно после кога се сетам клучевите под хаубата, како што се затворила хаубата и се притиснало на клучот да се заклучи, а жената во колата ме чека. За уште полоша ситуација, клучевите од станот на истиот преврзок, резервните клучеви од колата беа во станот, а другите клучеви внатре кај жената. Таа проба неколку пати да отворе хаубата, али хаубата не се отвараше. И викнавме одржувачите на зградата да ни отворат, земаа ни 200 евра, отклучив колата, отворив хаубата земав клучевите, жената целата во паника пцува по мене... После сета случка, заклучувам се јас во колата со клучот, пробувам да отворам хауба, хаубата се отвори, жена како жена, да не скрше, не потегле рачката како што треба и не се отвара(на крајот теглеше друга рачка).