Не баш секоја кола се отвара од внатре ако е заклучена со клучот...
Не знам, барем десетина пати се имам заклучувано внатре (клучот во џеб), па со копчето на шалт табла, или со рачката на вратата сум отварал (на сите мои возила досега).
Јас мислам дека секоја кола без разлика дали клучот е внатре или надвор, мора да се отвара од внатре. За недај Боже во случај на пожар или несреќа. Можеби сум и грешка.
Заштита за од деца има само на задните врати (барем така е на коли со четири врати).
Плус, како крадат кола кога кршат стакло? Како ја отвараат вратата?
Сакаш да се кладеш дека доколку се заклучи со клучот тоа копче не работи? Тоа беше првата работа што беше пробана, не може ни џамовите да се спуштат. Копчето работи само кога клучот е на колата и автоматски кога се заклучува кога колата поаѓа, а кога е заклучена колата со клучот, имало некаква си заштита од деца и колата не се отклучува.
Зошто да се кладам, нема потреба. Само ми е чудно кола да не се отклучува/отвара одвнатре. Некој жив ќе изгори заради таков глупав дизајн.
