Дешавка на мој близок.
Си вози по еден од трите најголеми булевари во Струмица. Пред неа вози Мерцедес со Ск табли со тенденција на намалување на брзината и одеднаш нагло кочење без никаква причина. На едносмерен пат со две ленти, и двете слободни за возење, нит пешаци нит ништо.
За оние што се од Ср, се работи за булеварот со авто-пералните после кружниот тек кај Ел. Дистрибуција(ЕВН).
Излегува типот и се дере на цел глас како девојчето го удрило, одма да врти во осигурителната компанија бидејќи се брза.... дрндрн дига галама доволна за да го скрене вниманието на сите околу. Девојчето во прв момент почнува да се извинува мислејќи дека стварно го потчукнала, но како што се приближуба накај предниот дел од нејзиното возило сваќа дека уствари има повеќе од едно метро простор меѓу двете возила.
Совозачот на типот цело време седи во автомобилот и не излегува додека овие двајца се расправаат. Тука се приклучуваат и работниците од пералните бранејќи го девојчето бидејќи нема никаква трага од удар на двете возила. У меѓувреме пристига полиција и наместо да сликаат и да средат се како што треба тие веднаш ги носат двајцата во станица, а совозачот мистериозно исчезнува.
Во станица испрашувања, глупости, работата станува се поочигледна и на крај завршува со тужба и врз девојчето. Но тука не завршува цела работа, враќајќи се доста нервозни на местото кај што се автомобилите девојчето и татко и начекуваат цајкан со апарат во рака и како насилно ја отвара хаубата притоа влечејќи ја маската на возилото. На прашањето што прави, одговара демек проверува убаво да нема нешто пукнато.
Целата работа не е завршена. Прават некои превари со осигурителни компании, врзани се и цајкани и службеници. Чим има нешто ново одма ќе пишам.