Не сакав темата да премине во препукување после мојот коментар. Се што сакав да кажам е дека не е само патиштата, и условите на патот се главниот виновник за нервоза и хулиганство.
Премногу пати македонски таблички биле сосема културни во Бугарија/Србија/Грција, и во моментот кога ја поминат македонската граница се претвараат во хулигани на патот. Буквално. Барем 10 пати имам одено максимално десно вон асфалтот после македонска граница затоа што на некој му се брзало.
Повеќе е до менталитет, ама јужен народ сме, крвта ни врие, со колите се докажуваме на патот. А за релацијата, не секој патува секогаш 300 километри. Делчево - Охрид е од 300, до 350 километри макс (тресам од ракав) зависно дали ќе оди некој преку Стража или преку Плетвар.
На тој пат, пред мои очи имаат излетувано спрема Каменица, спрема Виница, кај Неготино, на Плетвар, на Ѓавато, итн. Дали е до техничка исправност, дали е до невнимание, не знам до што е.
На пример, Швајцарија има супер патишта, ама 90% од времето е смрт за возење. Буквално. Смрт. Кога ќе те зацепат знаци 70-80, 70-80. Прав мазен пат 70-80. Експресен пат 80-100. Полиција на секој излез. Ако нема полиција, камери. Колишта со коњски сили неброени возат 100. У пичку матер. Единствено пејсажите ја подобруваат сликата на подобро.