На мене искрено не ми е јасно каде се брза толку многу во Македонија, кога најголемата релација е 300 километри.

Или едноставно ни врие јужната крв.

пс. Можно е и самотниот живот да ме има научено на многу повеќе трпение. 
Има 300км меѓутоа возиш многу споро по тие 300км и ги поминуваш со просечна брзина од едвај 70кмч, освен ако одиш по 2та автопата каде просечна ќе ти е 100кмч. Ете таму се брза. Да имаш автопат со 130кмч дозволено нема да се брза зошто тоа ти е некоја релативно добра брзина за возење навечер и во лоши услови на автопат. А навечер на кривулести патчиња едвај 60 креваш максимална за да не ти излета нешто што нема да го видиш. Дење пак подруго е. Нервозата од влечкање во единечна лента си има свои психолошки ефекти (кљанкање) со 40 по стража или пресека позади камиони доведуваат до тоа да сакаш да стиснеш на автопат кога ќе дојдеш. Особено што автопатот кој ти доаѓа е 80 ограничен, а нормално сите возат 110кмч.
Како и да е ефектот одма ќе го забележиш на убав пат, каде во Грција на двоен пат не ти сметаат камиони и може да возиш 120кмч константно, или пак на обиколниците нивни или автопатите каде 130 е дозволено. Истото и накај србија. Нервозата се намалува, не ти сметаат камиони, нема тензии, нема проблеми. 130 дозволено, си возиш како и сите други 150кмч и тоа е воглавно тоа. Кај нас проблемот се тесни патишта и недостаток на автопати на клучните делници како Скопје-Грција и Скопје-Охрид кои се главни и основни делници во МК од кои се делиш за секаде. Тие нечинат, и автоматски целата мрежа нечини. Еве се оправа Е75 да е конечно автопат цел и да не се тегавиш како бидала позади камиони или влечковци, а за Охрид има планови во нашиов животен век (следниве 50 години) па може и ќе пркне. А каде е на тоа железница? Да ги растеретиш патиштата со добра железница знаеш кој е ефектот?
Главниот транспорт наместо да се кљанка со 1000 камиони (илјада камиони) може да оди во 1 (еден) воз. знаеш кој терет е тоа за еден автопат? 1000 камиони! Тоа само за стока и производи. А нафтовод? Гасовод? Истото. Камиони за локално патуавње, нема потреба да се ака со камионите наоколу? Возила кои немаат никакви услови да смеат да излезат во град во ниеден случај и се влечат и кочат сообраќај? „Немаат со што да одат“. Да имаат воз, ќе си одат со воз до Солун, до Битола, до Охрид, немора со скапаницата 20 години стара која нема еден оригинален дел веќе на неа да се акаат по меѓуградски патишта и да прилинуваат нервози и несреќи. Значи автопат, камиони, возови, старудии...
Па ако го решиш тоа бе другар, како што парајлиските држави го решиле, нема кај да брзаш. Натенане ќе си одиш ако се е под конец. Или барем 90% е под конец. Ама не кога е 8% под конец. Кешки (кешкииии) да бидне Е75 аир малце да видиме кон нашиот сосед.