на сред кривина, (кон железничка) во левата лента, ама од десна страна на лентата, па се до средина на истата има големка шахта... ако се обидел да ја избегне и возел бајаги побрзо, нема шанси а да не ти се случи губење на контакт со асвалтот.., на истата кривина пред скоро 2 децении, јас и старосватот, со фијат 132, завршивме во автобуската станица од спротивната страна на булеварот... значи преку 3-те ленти, преку травњакот, ја пробивме оградата заштитна проаѓајки на 2 прста од бандерата, па пак преку трите ленти од спротивна страна, на тротоарот се лачи и застана точно во тендата (или како да го крстам тоа) на втобуската станица. колку и да беше удрена колата, можевме да продолжиме, собирајки си ги маската, браникот и 2 од 4-те фарови во гепек и да бидеме среќни шт не се влепивме во бандерата... иначе тешко дека сега ке пишував тука...
Живеев од спротива (во белата зграда), најгоре, 2 години. Секоја вечер (буквално) некој се извртуваше на таа кривина. Некој врвеше полесно (ќе успееше да исконтролира) некој потешко (ќе се лупнеа во оние П стубчињата што беа пред да ги стават овие новите.
Најлошо на таа кривина (дали од Железничка накај Аеродром или обратно) е кога ќе заврне тенок слој снег. Еднаш чиста среќа (а не возам брзо таму оти знам колку е заебано) со Алфата бев и секогаш ми е уклучен системот за пролизгување. Влегувам во кривина и ооооп...предницата

(ми пролизга на пешачкиот) и се уклучи системот успеав да исконтролирам (а возев не повеќе од 50). Зборувам на тазе снег.
А со Даевуто...шанкуре од Битола, 2005 година, се пуштив од Железничка накај Аеродром. И гази гази гази...и доаѓам на истата кривина, појма немав дека е таква гадна...сигурно влегов со 90-100...ко рече ми пролизгува колата...дрифтав на кривина. Арно беше суво. Ја исконтролирав (беше 2 сабајле некаде) и застанав кај што беше Беко гирото, малце пред постојката кај што го влезе S16

Ставив четири жмигавци. Излегов од кола. Нозете ми се пресекоа упм.