Actually, ако почнеме да ја збориме таа тема, имаме многу за дискусија.
Ајде, да пробам да опфатам некои фактори.
1. Значително зголемување на бројката на возила на улиците. Според официјалните бројки, во Македонија од 1991-ва па наваму се увезени околу 130.000 нови возила. Само по последниве 3 години од кога е олеснет увозот, регистрирани се уште околу 150.000 половњаци. Според естимациите, по улиците се тркалаат уште околу 30-50.000 нерегистрирани возила, и барем уште околу 50-60.000 има по плацеви.
2. Реално, голем број од возилата се неправилно одржувани, или едноставно не се одржувани. Истовремено, имаме и наплив на неквалитетни резервни делови со повеќе од сомнително потекло и квалитет.
3. До вчера во Југце со 55 коња, денес BMW 320d со 150 коња.
4. Како народ и како држава немаме ама ич (односно, ајде, имаме многу малку) искуство со возила на заден погон. Соодветно на тоа, сите фраери што изнакупија Бенџамини и Мерцедеси се ризични во сообраќајот, особено на влажно и на снег/мраз.
5. Тотално нефункционален технички преглед.
6. Парам-парче улици и неодговорни луѓе кои се задолжени да ги одржуваат во добра состојба. Плус, да не праиме муабет за моронизмот при работење. Вчера се крпеше Партизанска кај мене во Влае околу 3:30 попладне. Имаше 10-15 дупки од по еден метар квадратен, длабоки по 15-тина сантиметри во потегот од раскрсницата Влае па до после бензинската на Макпетрол. Мање-више целоно неозначено. Некој да пројде на семафор на зелено и да не ги види дупките..
7. Генерален сељачизам и желба за курчење во несоодветни ситуации.