Oва е колку да ти извадам од глава дека у „нормален“ свет летаат по аутопут, а кај нас има некои „глупи ограничувања на 120“.
Што се однесува до возење по знаци, можам вака да те предизвикам: ти праќам kmz од последното патување до грчка. Брзината на движење е colour coded (според бојата во Google Earth гледаш каде колку брзо сум возел). Ако не си во состојба да најдеш место „аха, еве тука си возел толку-и-толку а огранучувањето е толку-и-толку“, тука на форум ја пишуваш следната порака:
„Јас, Дени, ја повлекувам претходно изнесената сугестија дека Филип лаже и воедно јавно ветувам ќе ја ревидирам како сопствената политика на возење по јавни патишта, така и содржината на моите постирања на карклуб.мк, а кои се однесуваат на брзината“
а следната понеделничка средба частиш две увозни пива.
Ако најдеш (на пример, на аутопут возено 140 или нешто друго), тука на форум јас ја пишувам следната порака:
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“
а следната понеделничка средба частам две... што сакаш, по твоја желба.