Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3078292 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43699
  • Il Moderatore
Добро дихтува, типчето внатре си кулира и зборува на мобилен :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Денеска на 140км/ч на девојката со Ибицата и пукнала гума на Автопат(Ве-Ск). Газечкиот слој на гумата целосно се одделил од ѕидот. Дали тоа е резултат за пукање, или пак пукнала од некоја дупка па заради големата брзина се случило одделувањето на газечкиот слј незнам. Случката е на кривината голема каде што почнува рамното пред Окта безинските. За голема среќа без ниакви последици по нејзе ни по колата. Еве некоја слика.






If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43699
  • Il Moderatore
Доволно е само да се издишала и 1-2 минути на бандаш да ја возиш, за ова да се деси.. Сепак, ако може да се побара објаснување од производителот на гумите, поготово ако се релативно нови.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Стари се, ДОТ4208. Сега ми го донесе Аудито па ја прашував малце подетално што како, гумата не пукнала само наеднаш ја занесло нешто силно надесно. Така да веројатно пред тоа се издишила од Х причина и после кочењето или вртењето ја скинале. Инаку венците на гумите се толку залепени за бандажот што неможе да се мрднат. Гумите се Bridgestone Turanza ER300.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Возете вие 140 по калдрма...

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Возете вие 140 по калдрма...
лелееее
веќе никат на тој пат повеќе од 100...
а сум возел и 170

Присутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5189
  • Пиши лаже
Добро е што се задржала на патот, што не направила беља...
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
99% била издишана гумата, мека, со тек на возење се загревала и се десило тоа што се десило.
Бај д веј време е за нови гуми и по можност дека е женско не проверуваат притисок во гуми TPMS да се стави.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Како и при секој catastrophic failure, и овој веројатно се должи на повеќе чинители одеднаш: Гумата е (ако добро разбрав) стара 6 години. Зрела за менување. Понатаму, гумата речиси сигурно била недоволно напумпана со што ѕидовите почнале ненормално да се греат. Со тоа е компромитиран структурниот интегритет на гумата. На така ослабена гума додај возење дебело над ограничувањата при криминално лош коловоз кој немилосрдно го удира тркалото - и ете го резултатот.

Среќа што се завршило ко што се завршило.

Поуки?

1. Гумите се менуваат редовно со НОВИ без оглед на тоа како изгледаатр на око. Нема „добри се бе, ќе тераат уште“. На гуми не се штеди!

2. Притисокот на гумите се проверува редовно, а не два пати годишно при добро расположење и вишак време, особено пред излегување на автопат каде што се вози со големи брзини. 2 минути работа е ебаго. Прљавштина на рацете од проверување гуми се брише одма со влажна марамица.

3. Се вози по ограничувања. Ако знакот вика „100“ има зашто така вика. Кривините може се благи и се фаќаат со многу поголема брзина, но острината на кривината не е единствениот фактор кој ја одредува максималната брзина со која е паметно да се вози.

4. Не е ништо срамотно да се вози под ограничувањата доколку условите на патот тоа го налагаат. По дупки не се вози брзо во никој случај. Таму и чичка нова гума со малце лоша среќа може да се скине, а не па стара, измалтретирана и загреана од брзо возење + мал притисок.

Не си играјте со главата, малку треба. Ебано малку.

Уште еднаш: среќа што вака се завршило. Богот Рандом бил наклонет.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Филип, многу ме интересира - дали некогаш си возел на секција на аутобан без ограничување на брзина, и што направи во тој момент? Дали го возеше 210 Кашкаито? Пошто нели, по ограничувања, а во оваа ситуација збориме за ограничувањата на самото возило.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Да, сум возел по аутобан и не - не возев 200. Возев онолку колку што возеа сите други - околу 130. Регенсбург - Берлин и назад, да бидам по конкретен.

За два дена возење, на прстите на едната рака можам да ги избројам колите кои шибаа побрзо од тоа. Може така ми се потрефило, но моето искуство е тоа.

Не ги замишљајте аутобаните како писти за тркање на кои сите тестираат колку највише им иде колата! Реалноста просто не е таква. Мојот личен впечаток е дека у просек, неписмената сељачаана од Неготино до Скопје цепа со поголема просечна брзина отколку германците на германски аутобан. Затоа и сељаците гинат околу 10 пати повеќе, но тоа е веќе друга тема...
« Последно менување: 27 Мај 2014, 08:17:12 am filipv »

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Се дешава ова и на нови гуми, посебно кај оние со понизок профил. Не се предвидени за нашиве калдрми.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Да, но шансите се помали. Но, сигурно дека се дешава и со нови гуми.

Затоа - полека, све да му ебем да му се изнаебем, полека!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Да, сум возел по аутобан и не - не возев 200. Возев онолку колку што возеа сите други - околу 130. Регенсбург - Берлин и назад, да бидам по конкретен.

За два дена возење, на прстите на едната рака можам да ги избројам колите кои шибаа побрзо од тоа. Може така ми се потрефило, но моето искуство е тоа.

Не ги замишљајте аутобаните како писти за тркање на кои сите тестираат колку највише им иде колата! Реалноста просто не е таква. Мојот личен впечаток е дека у просек, неписмената сељачаана од Неготино до Скопје цепа со поголема просечна брзина отколку германците на германски аутобан. Затоа и сељаците гинат околу 10 пати повеќе, но тоа е веќе друга тема...

Ок, имаме напредок. Значи, колку сите други.

Што се случува кога ќе налеташ на делница на автопат каде ограничувањето е ~120, а сите други околу тебе возат 20-30 над дозволеното?