Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3078299 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Ок, имаме напредок. Значи, колку сите други.

Да не ме разбереш погрешно: јас не возев толку колку што возев заради сите други. Не реков „хм, јас баш би зацепил 190, ама глеам дека сите возат 130 па ај и јас ќе возам толку“. Просто се совпаднаа моите проценки за оптимална брзина со проценките на речиси сите други возачи.

Што се случува кога ќе налеташ на делница на автопат каде ограничувањето е ~120, а сите други околу тебе возат 20-30 над дозволеното?

Ќе се престројам десно и ќе одржувам добро растојаније од возилото пред мене за да бидам лесен за претекнување.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54983
  • Махер
Ќе да било до притисок. Во комбинација со UV заштита.

Особено што кога се терети колата се заборава да се напумпаат гумите доста повеќе. (Обично за задни важи).

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Гумите се 215/45Р16. Гумата пред тргање си била добра, значи не издишана. Напумпани се прописно пред 1 месец од моја страна. Дека се стари, старички се 5.5 години, ама верувам дека староста не е причина за ова. Па и 5.5 години не е некоја огромен период кој би требало до толку да ја уништи гумата.   Шара имаат уште 3-4mm што се во законски прописи. Веројатно ја има дупнато непосредно пред дешавкава а дупките, брзината и ако допрела на кочница си го напраиле своето. Возела цел пат 120-140 и колата ни тресела ни нешто било необично. Се случило што се случило, колата наеднаш занесла налево но не во границите да неможе да се контролира, дала жмигавец десен и се паркирала. Зедов цел сет алати од Поло, гума една од зимските отидовме таму, и ја дадов мојата кола за да продолжи на полагање, а Ибицата за 20 мин ја оспособивме и се вративме со неа. Бандажот и колата не се воопшто оштетени што ми е чудно. Тие што секогаш возат 100-120 на автопат веројатно никогаш нема да им се случи ова :) но тоа е.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Ок, имаме напредок. Значи, колку сите други.

Да не ме разбереш погрешно: јас не возев толку колку што возев заради сите други. Не реков „хм, јас баш би зацепил 190, ама глеам дека сите возат 130 па ај и јас ќе возам толку“. Просто се совпаднаа моите проценки за оптимална брзина со проценките на речиси сите други возачи.

Што се случува кога ќе налеташ на делница на автопат каде ограничувањето е ~120, а сите други околу тебе возат 20-30 над дозволеното?

Ќе се престројам десно и ќе одржувам добро растојаније од возилото пред мене за да бидам лесен за претекнување.

Ок, тогаш да претпоставиме две хипотетички ситуации кои се прилично слични.

1. Возиш на некој пат. Ограничувањето е 80 на саат. Според тебе, можеш безбедно да возиш и 100че на тој пат. Што ќе направиш?

2. Се вклучуваш на неко пат. Ограничувањето не го знаеш. Возиш по тој пат одредено време, и според тоа што си го увидел, можеш безбедно да возиш 100 на саат, и си возиш 100 на саат. После некое време (рецимо, денови) дознаваш дека ограничувањето на тој пат било 70, а ти безбедно си возел 100 и твојот здрав разум ти кажува дека повторно можеш 100 да возиш на истиот пат. Што ќе направил следниот пат кога ќе возиш по тој пат?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
1. Возиш на некој пат. Ограничувањето е 80 на саат. Според тебе, можеш безбедно да возиш и 100че на тој пат. Што ќе направиш?

Ќе возам 80 или за нијанса над 80 според саатот (пошто тој покажува малце повеќе од стварната брзина). Ајде да речеме 85-90 според саатот, ама во идеални услови (сув и празен коловоз, сонце од страна или у грб). Ќе упалам круз контрол за да не се замарам околу брзината, ќе се опуштам, ќе пуштам музиче и ќе уживам во пејсажите.

Ако е нешто итно (напр. носам болно дете у болница) ќе упалам 4 жмигавци и ќе возам 100.

2. Се вклучуваш на неко пат. Ограничувањето не го знаеш. Возиш по тој пат одредено време, и според тоа што си го увидел, можеш безбедно да возиш 100 на саат, и си возиш 100 на саат. После некое време (рецимо, денови) дознаваш дека ограничувањето на тој пат било 70, а ти безбедно си возел 100 и твојот здрав разум ти кажува дека повторно можеш 100 да возиш на истиот пат. Што ќе направил следниот пат кога ќе возиш по тој пат?

Ќе возам 70. (иако не ми е јасно зошто би ми требале неколку дена да го заприметам знакот за ограничувањето).
Ако е нешто итно (напр. носам болно дете у болница) ќе упалам 4 жмигавци и ќе возам 100.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Хипотетичка ситуација де. Се вклучуваш од некој приклучен пат на друг, фино асфалитиран, широк и прегледен пат. На приклучувањето нема знак колку е ограничено, и до самиот крај на твоето возење на тој пат нема знак колку е ограничено. Ограничувањето го дознаваш после ден-два од некоја трета страна. Си прочитал во весник дека е толку ограничено, не е важно.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54983
  • Махер
Да сумираме, на јавен форум на кој читаат деца и разни неранимајковци, ФилипВ несака да промовира несигурно возење. Од тие причини несака да се изрази реално, туку употребува изрази кои би требало да посочуваат кон сигурно и безбедно возење на гореспоменатите неранимајковци по околните патишта. Со тоа би се промовирало сигурно возење и пред се одговорно возење на останатите (особено помладите генерации) во сообраќајот, со тоа што им се укажува на последиците од ексесивно кршење на законите.

Затоа вака одговара постојано, кога е во прашање овој вид на разговор за прекорачување на брзина. Ако сакаш реален одговор, нема да го добиеш на јавно гласило.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Дени, зошто мислиш дека не одговарам реално? Кои се индициите кои ја палат сијаличката на сомнежот во твојата, инаку, бистра глава?

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54983
  • Махер
Зошто сите така правиме, само ти малку по изразено.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Дени, пази сеа каква понуда ќе ти дадам - вакво нешто не доаѓа секој ден, пази што ќе кажеш!

Летово некаде во август сакам да идам на Furka Pass, сам или со другар на совозачко. Мојот предлог е: Доаѓаш со мене. Правиме мал круг преку Германија, од Салцбург накај Минхен. Искачаме на аутобан, и таму поминуваме неколку саати до границата со Швицарска. Возиме 130. Ги броиме колите кои ќе возат побрзо од 130. Ако изброиме помалку од 5 (пет) ти го плаќаш горивото, вињетите и другите патни трошоци за целиот пат, јас плаќам све друго (хотел, сендвичи,). Ако изброиме повеќе од 5 (пет) - јас плаќам све, ти ќаруваш екстра прошетка со трошок од нула денари.

Што викаш на оваа понуда? Ќе праиме по цел ден муабет за слетувањата на Месечината, нема да биде досадно. За 4 дена (3 ноќи) сме назад во Ск.

Еве, за дополнително да те намамам:


Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54983
  • Махер
ПП.

Каде летна од 70кмч и 100 со жмигавци, на 130кмч? :)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Oва е колку да ти извадам од глава дека у „нормален“ свет летаат по аутопут, а кај нас има некои „глупи ограничувања на 120“.

Што се однесува до возење по знаци, можам вака да те предизвикам: ти праќам kmz од последното патување до грчка. Брзината на движење е colour coded (според бојата во Google Earth гледаш каде колку брзо сум возел). Ако не си во состојба да најдеш место „аха, еве тука си возел толку-и-толку а огранучувањето е толку-и-толку“, тука на форум ја пишуваш следната порака:

„Јас, Дени, ја повлекувам претходно изнесената сугестија дека Филип лаже и воедно јавно ветувам ќе ја ревидирам како сопствената политика на возење по јавни патишта, така и содржината на моите постирања на карклуб.мк, а кои се однесуваат на брзината“

а следната понеделничка средба частиш две увозни пива.

Ако најдеш (на пример, на аутопут возено 140 или нешто друго), тука на форум јас ја пишувам следната порака:

„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

а следната понеделничка средба частам две... што сакаш, по твоја желба.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
И да си во право, нема зашто да ги ревидира неговите постирања кои се однесуваат на брзината. Може да ги ревидира оние кои се однесуваат на тебе.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Интересно, лани на њемачки аутобан, со 130 на саат моравме да се повлечеме во најспората лента, кај шлеперите и автобусите :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Интересно, лани на њемачки аутобан, со 130 на саат моравме да се повлечеме во најспората лента, кај шлеперите и автобусите :)

Тогаш супер за Дени. Прошетка за 0 денари. Треба само да каже „важи“.