Немам референца, незнам ни како да ја барам.

Иронијата да е најголема, може да го осетиш тоа во било која кола.
Ако немам референца, дали тоа филип значи дека истото не е точно? На пример ако емпириски може да го осетиш во кола?
Субјективен фактор е, меѓу многу други. И сите се лесни за детекција, откога ќе ти каже некој дека се таму. Исто како она со носот.
Немам референца, а тврдам дека е точно емпириски. Ако сакаш ќе напишам на Wikipedija статија и ќе ти ја линкнам.
Знам дека брзо возење ти е нели контра твоите ставови, и ме отече со тоа до сега нели повеќе пати. И јас претпоставувам те отеков тебе исто толку пати. И сега ќе го тупиш за нешто трето, за нели да „докажеш“ дека тоа не е така, а со тоа да се дискредитираат и моите мислења за „брзото возење“, кое убаво појаснив дека не е баш „брзо“ туку сосема нормално и секојдневно. Значи не го дрви, ти кажувам културно, немам намера да се занимавам со глупости за едноставно решение кое може да искочиш во кола и на Партизанска да стиснеш 90 и да забележиш дека после извесна брзина почнуваш да го стискаш воланот. Мислам стварно е тешко то да се изведе. Дали некој направил истражување незнам, но тоа е субјентивен ефект кој ни јас го немав приметено додека не ми беше посочено дека постои. Немам референца, појма немам од каде ми е идејата. Незнам ни кои keywords да ги ставам во гоогле за да ја барам.
Дали ти е јасно зошто уште веднаш напоменав дека немам намера да ти објаснувам? Зошто знам дека ќе го затупиш на долго и на широко. А јас немам аргументи за да го поддржам моето мислење, туку само реално искуство. Незнам зошто е така.
Можеби кај тебе ќе забележиш дека друг е ефектот. Стискаш заби, или штознам почнуваат да ти се потат дланките, insert random sensation, стандардната работа што ти се слушува кога си под стрес.
Стварно е премногу лесно да сфатиш, ако само малку се потрудиш што сакам да кажам. А искрено (најискрено) мислам дека имаш сфатено, и ти е јасно, само намерно ме замараш, заради она погоре со брзината.
Ах бе филип бе филип.
- кажано со истата самоувереност и надвишност на просечниот SUV возач. 
лол ова е нова подваријанта на ad hominem. Ако не можеш аргументот, нападни ја колата на соговорникот. 
http://en.wikipedia.org/wiki/Criticism_of_sport_utility_vehicles#PsychologyЗа разлика од првото, ова е познато во светски рамки дека е така.