Кој рече дека вчера возев, прошла недела беше.
Не бранам летни гуми, туку условите напатот (сонце и сув барут асфалт до недоглед) овозможуваа брзини на возилата од 200кмч. Јас возев под мојата ментална граница на сигурност од 200кмч, со само 180кмч.
Ако сметав дека нема услови за тоа, немаше да возам толку.
Мислам дека заради моето зафркавање сум сфатен дека возам којзнае колку брзо. Но, тоа не е случај. Само спаѓам во оние 85% возачи кои возат некоја стандардна брзина. Обично на автопат тоа е околу +30 во 80зона и +20 во 120 зона. Многу пристојно, секојдневно и релаксирано. Ништо спектакулано.
Некогаш постојат услови на патот каде може да се вози многу брзо. И сум свесен за истите, а тоа се подигнат автопат, пергледност преку километар, ниедна кола пред тебе, скоро да нема ветер. Тука мојот мозок вели дека можам да возам 431кмч доколку ја имам вистинската кола. И би возел зошто да не.
Има природен рефлекс кој може да се применува на сите видови патишта. Тоа е „стисок на воланот“. Bear with me it works. Ако го притискаш (стискаш) воланот значи дека возиш побрзо од што твојот мозок знае дека е во ред.
Тоа е страшно прецизно откритие и многу интересен рефлекс. Кој во премногу наврати е точен. И тоа не само што е точен, туку во предвид зема бесконечно многу параметри кои нормално не би ни знаел дека постојат.
Самото човечко тело има многу механизми кои се грижат за негова благосостојба и истрајност. Ако ги слушаш нив, неможеш да погрешиш за акција-реакција. Тоа се рефлекси ковани низ милиони и милијарди години. сите животни преживуваат секојдневно врз база на тие рефлекси.
Да се задржам на стисокот. На истиот автопат (пат) при различни услови, различно се вклучува рефлексот. На пример ако е суво и сончево самото тело пребарува низ базата од податоци кои се на располагање и забележува дека брзината од 200кмч е пристојна и незаплашувачка. Ако е лизгаво или има изгледа дека е лизгаво, рефлексот се вклучува многу порано. Самата потсвест знае дека немаш контрола врз случувањата над помала брзина како што е 100кмч во одредени услови.
Јас сум најголем поборник на добрите зимски гуми. Сметам дека моите искуства во возење на снег и лед со нив говорат (за мене) повеќе од било кој тест или статистика. Со мојата кола и kontinental ts-800 јас си поминував каде џипови со летни гуми стоеја со запалено буре, каде колони замрзнати луѓе чекаа да се исчисти снегот/ледот пред да може да стигнат дома. А мене ABS ми се уклучи само еднаш на целиот пат и тоа минимално од четвртина секунда. Знам што значи добра зимска гума. Исто така знам што значи барут сув автопат и сонце.
Да ги искомбинирам сега гумите и стисокот. Се спуштам од Стража со зимски гуми на заледен пат. Не лизга колата. Пред мене Голф 4 дизел со тетовски таблици вози како по суво. 60кмч надолу. Јас по него тргнав да го следам. 60кмч беше навистина брзо за тие услови. Се спуштивме релативно брзо и стигнавме до заледениот автопат. И тој вози, јас по него. 80, 90, 100, 110, 120... И се вклучија природните системи за пролизгување. Колата не пролизга, туку ми пролизга рефлексот дека немм контрола над ситуацијата. Намалив на 110 и продолжив по заледениот автопат накај скопје. Дечкото продолжи да забрзува и се побрзо и побрзо да се оддалечува од мене. Си возеше како на суво. Можев и јас најверојатно да возам 150, но сметав дека немам контрола врз случувањата околу мене. Од друга страна доколку не беше навечер, доколу патот беше сув, доколку знам дека нема врнето 2 недели, доколку видливоста е 4 километри, доколу температурата е 6 степени, на истиот пат би возел 150кмч без да ми трепне око, правејќи си муабет со совозачот или патниците. Тоа и беше случајот со Зеро кога одевме во Австрија пролетоска. Она спава. Или кога се враќав од одмор летоска и во колона воземве (10-20коли) 160кмч. Ова ми се случило многу пати во Грција да се вози во колона брзо.
Да, брзината на движење е зависна од условите на патот.
П.С. Јас лично во саботата возев 50-60 на обиколница заради масивната магла вечерта. Но, залепен скоро да гребам по банкината од десната страна. Како што треба.
П.П.С. Не напоменав дека нова Е класа ќе купам (не би дал 50.000 за кола и да ги имам) туку јасно дека ќе е половна. Тоа го имам објаснето тука:
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10851.msg531237.html#msg531237