Pocetnik e do 0? Sigurno?
Член 234
(1) Возачот не смее да управува со возило во сообраќајот на патот, ниту
да започне да управува со возило ако е под дејство на алкохол.
(2) Ќе се смета дека е под дејство на алкохол лицето за кое со анализа на
крвта или на крвта и урината или со друг метод за мерење на количеството на
алкохол во организмот, ќе се утврди дека содржината на алкохолот во крвта
изнесува повеќе од 0,50 г/кг или ако присуството на алкохол во организмот е
утврдено со соодветни средства или со апарати за мерење на
алкохолизираноста (алкометар и друго), што одговара на количества поголеми
од 0,50 г/кг или кај кое без оглед на содржината на алкохол во крвта, со
стручен преглед ќе се утврди дека покажува знаци на алкохолна растроеност.
(3) Не смее да управува со возило, да започне управување со возило, ниту
да спроведува практичен дел на возачки испит ако во организмот има алкохол
или ако покажува знаци на алкохолна растроеност:
- возач-почетник согласно одредбите на овој закон; - возачот на моторно возило од категориите ,,Б+Е“, ,,Ц”, ,,Ц+Е“ и ,,Д” и
,,Д+Е“ или од поткатегориите ,,Ц1”, ,,Ц1+Е”, ,,Д1” и ,,Д1+Е” – додека управува со
возило од таа категорија;
- возачот на возило со кое се врши јавен превоз – додека со тоа возило
врши јавен превоз;
- возачот на возило на кого управувањето со возило му е основно
занимање – додека управува со возилото вршејќи ги работите од ова занимање;
- возачот инструктор и кандидатот за возач – за време на оспособување
во практичното управување со возило и
- претседателот и членовите на испитната комисија – додека
спроведуваат практичен дел на возачкиот испит.
(4) На правното лицe кое ќе нареди или дозволи управување со возило
спротивно на одредбите од ставовите (1) и (3) на овој член ќе му се изрече глоба
во износ од 520 до 1.350 евра во денарска противвредност.