Се изначитав...
Сакам да му кажам на Фиљомкд, дека не е во право... А еве зашто

Секој ден возам, и се движам низ цело Скопје, примерот кој ке го кажам, може и да го пробаме, ако сака...
Пред Леонот, имав Свифт со обични хираулични кочници без ABS, A леонот, ги има сите најнови кочиони системи...
Споредбата е оваа...
Возам од Центар према Аеродром и кај нова железничка станица кај бензинската на Макпетрол на семафорите вртам десно према Аеродром... А јас залетан, и пешаци изрипуваат да поминат семафор на нивно црвено и кочам со свифтот а воедно и вртам... и колата санка... значи не врти... иде право... по инерцијата, а значи немаш време за да ја штопаш кочницата на сец, или да враќаш моторно, све е тоа во пола секунда... и ... колата си продолжи право, лугево се разрипаа по пешачкиот и никому ништо...
Истото, се случи и во неделата рано наутро, ама сеа со Леонот, и бидејки има ABS и TCS Леончето си сврте во кривината, како да иде по шина... нормално... внатре маваше/гребеше ABS-от ама во секој случај, системите си ја завршија работата....