Јас со дозирање на кочницата без да блокираат тркалата успевам да застанам во критични ситуации, а вие продужете си со вашите убедувања.
А на лизгав пат, и вие со вашиот АБС клизате и ја 
Искрено, јас не познавам некој кој е во состојба во критична ситуација, во исто време и да се справува со ситуацијата и да ја дозира силата на кочење 5-10 пати во секунда па макар и бил возач во F1, WTCC, ...
Не знам за вас, ама јас сакам успорување можеби исто колку што сакам забрзување 
За да не биде како недоречено, ќе наведам неколку примери каде е невозможно мануелно да се дозира силата на кочење.
Електронските системи за помош при кочење не се само АВС, туку (конкретно зборувам за BMW, но слично е и кај другите) EBD , BAS, ЕВА.
Тие овозможуваат мониторирање на секое тркало посебно, а тоа овозможува дистрибуција на силата на кочење за секое тркало посебно. Без тоа е невозможно во ситуација кога на пр. десните тркала газат на песок покрај банкина, да се кочи со различна сила на левите и на десните тркала и притоа успешно да се скрати што е можно повеќе патот на застанување.
Втор карактеристичен случај е оштро кочење во кривина. Со EBD најмногу сила оди на предното надворешно тркало, а најмалку на задното внатрешно - пропорционално на контактот со подлогата и силата од тркалото врз неа.
Според истражувања 90% од возачите во критични ситуации не кочат со доволно сила. Затоа е имплеметитрам ЕВА (Emergency Brake Assist) систем кој е во состојба да препознае панична ситуација и да ја зголеми силата на кочење на максимум.
Мислма дека сега се малку појасни работите околу АВС системите и комплицираноста зад таа технологија.
За ова со системиве, се согласувам потполно, затоа што пред извесно време имав дешавка кај мекдоналдс у центар на пешачкиот. Не се движев премногу брзо, но и бев нешто изнервиран и не внимавав како што би внимавал под нормални околности. Тргаат пешаци од другата страна на коловозото но јас не ги приметувам, веќе кога стигнале да речам до пола улица, го приметувам возилото на левата лента дека кочи и е скоро застанато, беше доцна за кочење и стиснав саглам на кочница, арно ама пошто возев у десната лента, десниот крај од коловозот беше целиот мокар и толку почна да лизга деснава страна од возилото пошто нели десните гуми ми се на мокриот асфалт, што мислам дека левиве тркала џабе кочеа. Видов дека ако поминам нема да ги изгазам пешаците, отпуштив кочница, гас и поминав. Е сеа можеби игра улога и тоа што возам летни гуми и сето ова се дешаваше навечер, кога температурата не беше поголема 6 степени, али сепак и те како би помогнало доколку ете у тој момент го имав системот за кој што пишал зоки.
Фило, ете ти пример, каде што колку и да ти е исправен системот за кочење, некои технолошки напредоци кои што се имплементираат и те како знаат да помогнат и да го подобрат запирањето.