За пешаците изгледа е грешно, еве го правилното
Член 19
(1) Возачот е должен да обрне внимание на пешаците кои се наоѓаат на
коловозот или кои започнале да чекорат по коловозот.
(2) Кога приоѓа кон обележан пешачки премин, возачот е должен да
управува со возилото со особена претпазливост и да вози со таква брзина што
овозможува во случај на потреба да го запре возилото пред пешачкиот премин.
(3)
Возачот е должен да го запре возилото пред обележан пешачки
премин секогаш кога пешакот започнува да чекори по обележаниот пешачки
премин. (4) На делот од патот по кој се движат деца или се поставени сообраќајни
знаци за учество на деца во сообраќајот, возачот е должен да вози со особена
претпазливост и со таква брзина што ќе овозможи да го запре возилото во
случај на потреба.
(5) Глоба во
износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возач кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (2), (3) и (4)
на овој член.
Еве за брзината:
Член 38
(1) На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 60 километри/час, односно со брзина поголема
од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за негов дел.
(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, на јавен пат во населено место, чии сообраќајно-технички елементи тоа го овозможуваат, може со сообраќаен знак да се дозволи движење со возило и со брзина поголема од 60 километри/час.
(3) На јавен пат надвор од населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од:
- 130 километри/час на автопат;
- 110 километри/час на пат резервиран за сообраќај на моторни возила и
- 80 километри/час на други патишта.
(4) На патот надвор од населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од брзината определена со сообраќајниот знак поставен на патот.
(5) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 30 километри/час над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило од три до 12 месеца, под услови и начин утврдени со закон.
(6) Глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 10 до 30 километри/час над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.
(7) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член и на возач кој во населено место се движи со брзина поголема до 10 километри/час над дозволената брзина.
(8 ) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност, ќе му се изрече на возач кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 50 километри/час над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (3) и (4) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило од три до 12 месеца, под услови и начин утврдени со закон.
(9) Глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 километри/час над дозволената брзина 30 и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (3) и (4) на овој член.
(10) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода согласно со одредбите на овој закон на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (3) и (4) на овој член, односно на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема до 30 километри/час над дозволената брзина. .
http://www.mvr.gov.mk/Uploads/Zakon%20za%20bezbednost%20na%20soobrakaj%20na%20patista-neoficijalen%20precisten%20tekst%20okt.%202010.doc.pdf