Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3886739 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Moре наноцевки слаби се...

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15127
  • Пудингот на шоферството
Филип дали ти стално се ориентираш по ограничувањето?

Не сум сигурен дека разбирам што точно значи „ориентирање по ограничување“. Те молам повтори го прашањето со други зборови и со задоволство ќе ти одговорам.

Ако возачкиот рефлекс или интуиција ми кажува дека тука може безбедно да се вози со брзина X, а ограничувањето вика Y при што X>Y тогаш на интуицијата и викам „кој те ебе“ и терам според Y.... ако ова сакаше да прашаш, не сум сигурен.
Немора да ги усложнуваме работите кога можиме да ги направиме поедноставни.Односно,ако ограничувањето на патот Х е 60км/х,а ти мислиш(преценуваш) дека комотно можиш да возиш 80км/х без никаков проблем,загрозување на безбедноста на другите учесници(а и твојата лично) и ти на крајот и велиш на твојата проценка ‘кој те ебе‘ и си возиш ДО 60км/х...Тоа не значи 59км/х,можи да биди и 29,35,48км/х и сл...Во овој случај не знаеш да прецениш.
Но во денешниов случај возењето според ограничувањето би било самоубиство...Се се сведува на каков шофер си и со кои возачки особини располагаш.Тоа не значи дека треба да одиш камикази(да не се разбереме погрешно)туку да ги согледаш реалните услови.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Филип стварно нема веза ова што го зборуваш.

Прашав за колку време го возите Ск-Охрид. Не е афирмативна пропозиција па да има или нема везе. Прашање е.

За Струмица не знам не сум возел често, али чим ќе возам ќе рапортирам обавезно!

И што кладба да ставаме? Да се кладиме дека ако возиш побрзо ќе стингеш побрзи? :-) нема што да се кладиме, тоа ти го признавам уште од одма :-)

кога возам добра кола го проаѓам за 1:50 до 2:10 зависи кој се вози со мене... кога возам товарно возило тоа знае да биде и до 3:00

ако идам со мотор тогаш таа релација ја проаѓам во просек 1:20-30 со тоа што на стража пушам цигара тоа се 5-7 минути вкалкулирани во целото време...

доволен ти е одговоров?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Прашав за колку време го возите Ск-Охрид. Не е афирмативна пропозиција па да има или нема везе. Прашање е.

За Струмица не знам не сум возел често, али чим ќе возам ќе рапортирам обавезно!

И што кладба да ставаме? Да се кладиме дека ако возиш побрзо ќе стингеш побрзи? :-) нема што да се кладиме, тоа ти го признавам уште од одма :-)

Најбрзо до сега за 1:20, а во просек за околу 2 саата. Иако нормално дека ми се има случено, враќањето да ми трае и повеќе од 4 саата, во „ударен“ термин :)

Скопје - Струмица, зависи од повеќе работи, односно, дали се оди преку Валандово или преку Радовиш. И во едниот и во другиот случај, се работи за времетраење помеѓу 2:30 - 3 часа, со нормално возење.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Скопје - Охрид околу 2 саата.
Струмица - Скопје околу 2 саата.
Скопје - Битола околу 2 саата.

;D

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Рецимо излез од Скопје, катланово негде по ограничување возиш 60 или 80?


Ако да, ако се возам со тебе до ОХ пример реакцијата кога ќе стигнам би ми била:


Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
До катланово комотно се вози константно 120 што е нормална брзина, значи не станува збор за еден, двајца кои уживаат да возат ~150 km/h, туку нормална просечна брзина. Од една страна придржувањето кон ограничувањето на брзината е да се избегнат можните казни од полиција за кои самите велите дека џандар ке те дрнда пола саат зашто си возел 130 каде што е дозволено 120, а некој друг ке прави триста лудории, ке вози во обратни правци и што ти е знам и ке доведе во опасност поголем број на учесници во сообракајот.
Од друга страна, па зошто да ризикувам да ме фатат и да платам казна, зошто тие пари па да ги дадам во буџетот, зарем малку имаме давачки, од сите страни државата те цица едноставно.
Трето, според моја логика, ограничувањата на одреден дел од патот може се пониски од безбедносна причина, затоа што да речеме побрзо од 85-90 км веке е ризично да се вози, ограничувањето се става 60 или 70 пошто тоа е безбедна брзина за тој дел од патот.
Е сега, се сложувам дека на доста од делниците има ограничувања кои стварно кои немаат логика, пример од катланово до велес ограничување 80, а се води како автопат и се наплака патарина, а прилеп-битола, магистрален пат, ограничување 100 км, no sense нели?
Но тоа се остатоци од бивша југославија кога се возеле фиковци, пегли, стокецови и слично за кои сите знаеме кои им се можностите, но и самите патишта не биле во состојба да дозволат поголема брзина, па затоа ограничувањата биле тие, кои нормално треба да се тргнат, ама македонија пат ете не го исчистила патот, а не па знаци да ти трга.

Тоа е тоа, сума сумарум, најчесто се вози според условите на патот, нормално кој не сака да биде евентуално ловен од полиција, горе доле ке гледа да биде приближно до ограничувањата, што да правиме.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Рецимо излез од Скопје, катланово негде по ограничување возиш 60 или 80?

Ако да, ако се возам со тебе до ОХ пример реакцијата кога ќе стигнам би ми била:


Прашај го Класниот за таа делница ;)
 
Јас се држам у рамки на 100-110 на тој дел... И да јадам казна, да не јадам превише.

Ако се возиш со мене до Охрид, можно е да ме пцуеш додека да стигнеме до Стража... После ќе сакаш неколку пати да го пројдеме тој дел ;)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Хахаха не го потсетувај класниот сеа :)

Иначе да океј е 100-110 (битно не е факниг 80) - а гарантирам дека возиш толку не поради ништо друго туку поради тоа што таму 90% од времето има цајкани така?
Да е на друго место така, ќе возиш повеќе :)

Иначе Фило, ми одговри ама и не ми одговри на прашањетo :)
значи, имаш ограничување од 80. Толку е дозволената брзина! Ти гледаш дека е автопат, знаеш ете дека се од бивша ју тиа знакови дека е стварно кретенски, овојпат ја слушаш интуицијата, возиш 100че, или опет 70-80?

Искрено, не возам брзо (бар мислам), ама дека се оптереетувам со знаковите многу многу, не баш :)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9214

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16793
  • Keep it 100
Daywalker, стварно мислиш дека кадетот на Фило може да крене над 80 км/ч?

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7665
  • French diamond
За мене дозволена брзина за низ град е +30 од знакот, се над то боли  :D Така да почесто си возам до 80 низ град(кај шо се вози) и не му ја мислам за џандари... нека пишат 25 казнени

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
@Fic, е не ми текна је*ем ли га

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9214
чекајте тоа +29 од ограничувањето не важи само за отворено?
значи можеш комотно да си пичиш 85 на партизанска?
зошто вака не ми е комотно да не скокнат од некоја грмушка

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7665
  • French diamond
Незнам и јас досега мислев дека важи и за низ град ама сега ко спомна не сум баш сигурен. Нека кажи некој поупатен.
Едит
- Брзо возење 30-50 км на час над дозволено надвор од населено место или 10-30 км на час над дозволено во населено место ........................... 45 евра или 25 негативни бодови