Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3887548 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
чекајте тоа +29 од ограничувањето не важи само за отворено?
значи можеш комотно да си пичиш 85 на партизанска?
зошто вака не ми е комотно да не скокнат од некоја грмушка
Тоа е за во град. На отворено е +49. Ама јас си практикувам +29 секаде, да не се замарам кај сум или што сум.

Ако земеш предвид дека брзинометарот лаже и до -5 км/ч, комотно можеш да заокружиш +30 во населено место, +50 надвор од населено место  :)
СЕКОГАШ го земам тоа во предвид. Секогаш. Еднаш спомнав на форумов и се смееја нешто, и си преќутев. И во град и на отворено. Гледам на навигацијата колку бега и према тоа си знам точно до колку да се оди.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
^ И колку време ти треба да стигнеш од Скопје до Струмица на пример?......3 саати?
Скопје-Охрид ?
Тетово-Гостивар (од патарина до патарина)?

24 минути наместо 4?


Тетово - Гостивар ако го возиш 90-100, од патарина до патарина ке ти требаат ~12-15 минути, пошто растојанието од една до друга патарина е 18 км, а за да ги поминеш за 4 минути, во најмала рака 150-160 треба да возиш.
Возиш 100 км, тоа значи дека 100 км ги поминуваш за 60 минути, односно 50 км ги поминуваш за 30 мин, односно 25 км ги поминуваш за 15 мин, па така тие 18 км од едната до другата патарина не би требало да се повеке од 12 мин.
Тоа му доага некои си 8 мин разлика од возење според пропис и возење доста над ограничување., што на мене лично не ми сметаат, не ми прават проблем, иако на таа делница треба да е 120 дозволено пошто го наплака како автопат, а ограничување како регионален пат има.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
И уште ако земеш предвид дека има знак за 80 да возиш може да застанеш и да се пукнеш у глава.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
18км со 80кмч е дозволено на Тетово-Гостивар!. Не ми врти сега.


Значи 18км со 80 се 13.5 минути.

18км со 350кмч се 3 минути.

Значи 10 минути на само една многу кратка делница. Ако зборуваме за „возење по пропис“, и „возење доста над ограничувањата.“

П.С. А Скопје-Тетово дозволува и поголеми брзини од 350кмч.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
И уште ако земеш предвид дека има знак за 80 да возиш може да застанеш и да се пукнеш у глава.

Не, ке застанеш и со знакот ке се пукнеш во глава  :)

18км со 80кмч е дозволено на Тетово-Гостивар!. Не ми врти сега.


Значи 18км со 80 се 13.5 минути.

18км со 350кмч се 3 минути.

Значи 10 минути на само една многу кратка делница. Ако зборуваме за „возење по пропис“, и „возење доста над ограничувањата.“

Како и да е, не се 24 мин како што вика симо  :) Реков, мене тоа не ми менува ништо, да е 120 дозволено, толку ке возам, сега е 80, горе доле на тоа би се придржавал и нагласив зошто, односно несакам да плакам казни за работи за кои навистина се глупави, едноставно 10 мин разлика нема ништо да ми направат, но 45 евра да речеме, е тоа веке 2 целосни полнења на боцата ми се, па зошто да ги дадам на државата за нешто бескорисно, за казна.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
45 евра е придонес за прекршок.

300(150)евра и без возачка 3 месеци е казна.


Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
А тие 45 да ги дадам за плин, ем јас ке возам, ем на бензинската ке земат плата вработените, ем пак државата ке лапне придонес од тие пари, нели е така попаменто, отколку во ветер да ги дадам ? Вака барем покорисна работа ке направам ако така ги дадам :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
А поените во картичката за што ти служат? Јас ќе ти кажам дека се за прекршоци. Така да смее да те фатат 2-3 пати годишно и тоа ќе те чини точно 0 денари. Се додека си во 29.9 зоната.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Лелел 200 пати треба да повторам, не сакам да ризикувам и тоа е тоа. Година ипол возам, само 4 пати сум возел после 11 навечер и 2 пати ме застана полиција, еднаш беше 22:30 значи бев во дозволен период за возење, ама уште малку на граница за недозволен и вториот пат после 11, ама со придружба.
Мој другар кој сеуште незнае брзини кога да смени, скоро секој ден вози после 11, па до сега веке и он има повеке од година возачка, па ниту еднаш го нема застанато полиција.
Тоа е тоа, може нема да те застанат и фатат, ама мојот став е дека не сакам да ризикувам плакање на можна казна, исто како што твојот став е дека ке возам до 30 над дозволеното пошто е мала казната. Може јас и ти се разликуваме во финансиските примања од каде знаеш  ;)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Де бе до утре да се убедувате, нема ништо да постигнете. Различни ставови имате и тоа е тоа :)

Иначе филомкд денес ќе го напишам тоа што треба. Немав време до сега.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44964
  • Il Moderatore

П.С. А Скопје-Тетово дозволува и поголеми брзини од 350кмч.

Ваздушном линијом! :D
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Лелел 200 пати треба да повторам, не сакам да ризикувам и тоа е тоа. Година ипол возам, само 4 пати сум возел после 11 навечер и 2 пати ме застана полиција, еднаш беше 22:30 значи бев во дозволен период за возење, ама уште малку на граница за недозволен и вториот пат после 11, ама со придружба.
Мој другар кој сеуште незнае брзини кога да смени, скоро секој ден вози после 11, па до сега веке и он има повеке од година возачка, па ниту еднаш го нема застанато полиција.
Тоа е тоа, може нема да те застанат и фатат, ама мојот став е дека не сакам да ризикувам плакање на можна казна, исто како што твојот став е дека ке возам до 30 над дозволеното пошто е мала казната. Може јас и ти се разликуваме во финансиските примања од каде знаеш  ;)
Зборуваш субјективно. Јас се трудам малку по објективно да гледам.

Какви примања, кога ти велам 0 денари те коштаат поени во книшка само. :)

Не ризикувај, добро. Ништо страшно. Ти спаѓаш во оние 0% (заокружено на 11та децимала) кои возат под пропишаната брзина на Тетово-Гостивар.


П.С. А Скопје-Тетово дозволува и поголеми брзини од 350кмч.

Ваздушном линијом! :D
Ехе, така со шифри може и 3500кмч... :)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Не ризикувај, добро. Ништо страшно. Ти спаѓаш во оние 0% (заокружено на 11та децимала) кои возат под пропишаната брзина на Тетово-Гостивар.

Точно, тоа е, јас сум во законски предвидената брзина која што е предвидена според сообракајниот знак, е сеа, 60 е, 80 е, тоа е, што да правиме.
Јас капка алкохол не ставам додека возам, и возењето преку ден и преку нок ми е исто, па ете 2 години мора да чекам да ми помине оваа шугава забрана.

А иначе, ако возиш ти секој ден тетово-гостивар со по 120 km/h, 365 дена во годината, рачунај дека веројатноста да те фатат во најмала рака 5 пати е мноогу голема, а тоа би значело 100 негативни ете според твојата логика ако ги запишеме во книшка и оп, одземање на категорија, забрана 2 години за полагање, па ке полагаш наново и ке бидеш во категоријата на возачи почетници.
Затоа, не фала, гледам да бидам во рамките на законски дозволеното, пошто во законот покрај тоа што е предвидено дека на автопат се вози 130, под тој став има уште еден став кој вели, освен ако со знак не е поинаку ограничено ;)

Тоа ти е, не само македонија, општо сите држави од балканов време им треба да се средат, да ги средат дупките во законите, стандардите. Неможе да се рамниме сеуште со европа, кога ние 100 години сме позади нив. Кога во почетокот на 20 век во европа на еден начин цветал капитализмот, се откривале и правеле еден куп пронајдоци, македонија и балканот сеуште биле под тимаро-спахиски систем такозвани турски феудализам, така да, многу сме зад стандардите на европа  :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Пак сакаш да извртиш по твое. Ама нема да ти дозволам барем на оваа волшебна тема за прописно возење.


Значи ако стигнеш да ти пишат казна во книшка за одземање возачка и слично е многу логично да одам и да си ја платам последната казна од 45 евра. Никаков проблем.

Ама тоа значи дека си ги искоритил гратисите, па сега тек ти дошло да платиш. Ако не ги користиш гратисите, значи џабе ти ги дале.

П.С. Забрана за 2 години почетник е шугава, а брзина од 80кмч на автопат не е шугава? Јас би го рекол токму обратното. Наместо 2 би ставил 5 години да е неискусен возач и да несмее над 100 кс возило да вози и после 23 часот. Рецимо. А на автопат треба да има само еден единствен знак.


Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Пак сакаш да извртиш по твое. Ама нема да ти дозволам барем на оваа волшебна тема за прописно возење.

Е сега, се сложувам дека на доста од делниците има ограничувања кои стварно кои немаат логика, пример од катланово до велес ограничување 80, а се води како автопат и се наплака патарина, а прилеп-битола, магистрален пат, ограничување 100 км, no sense нели?

Еве што напишав 2 страни претходно  ;) Ете сега ти велам дека истото важи и за тетово-гостивар, ама тоа е, и едната шугава забрана и другото шугаво ограничување гледам да ги почитувам, така предвиделе и тоа е