Според Пиргов, возачот по се изгледа имал туби полни со нафта (најверојатно дизел) до предните седишта поради што дошло до екплозијана и се запалил автобусот.
„Автобусот излетал и пукнала предната десна гума, па се влечел, имало излевање гориво и бидејќи работело парното на автобусот, оттаму дошла до несреќата од која настанал пожарот. Пожарот настанал од предниот дел на автобусот бидејќи задниот дел е речиси зачуван“, изјави за БНТ Васко Пиргов, експерт за мотори со внатрешно согорување, кој пристигна во првите минути по несреќата на автопатот Струма.