Синојка накај 1:30 по полноќ не работеа семафорите кај Макпетрол Партизанска(крстосницата со бул. 8ми септември), и една “бабетина” со фиеста од оние првине ќе направеше општ каранбол таму
Имено, возам од Центар накај дома, се доближуваме до семафорите, јас во 3та лента со позади мене уште едно возило, и во останатите две по уште по едно, “бабава” залетана од кај Авицена и врти лево кон Лептокарија, нит да подзастане нит да погледне, среќа возевме нормално и пред раскрница успорив на 20км/ч бидејќи ја “прочитав” дека нема да застане и се бутна пред мене на 30тима сантима, а што е најтрагично влезе на двете ленти со по пола кола, среќа и дечките што возеа до и позади мене ме приметија дека успорив бааѓи па претпоставувам дека сфатија дека доаѓа некоја камиказа.
Застануваме на следните семафори, фрлам поглед, внатре две жени 40тина години, подзамаглени стакла и си играат и пеат у кола, све ми беше јасно понатака
Sent from my iPhone using Tapatalk