Како ќе ме собереше сега еден по Борис Трајковски.
Ненормалниот возеше со убава брзина по десната лента на неасфалтираниот дел со намера за право, а јас на левата со жмигавец за десно кон Мечкаров.
До скоро беше прекопано до самата раскрсница и обезбедено со знаци, денес ги тргнале знаците и као пополниле прекопаното, но кој нормален ќе крши кола по неасфалтираното, уште и со намера за право?
Среќа имам навика често да фрлам поглед на ретровизори да видам што се случува позади мене и го прекинав вртењето во десно.
Тој па почна да кочи по шљунакот и лизгаше речиси до семафорот.
Кога поубаво ќе размислам, како да сакаше намерно да испровоцира судар со неговата старудија.
Во дадените околности јас ќе бев апсолутно виновен.