Се возевме вчера со другар со негова А3ка, требаше да фотографираме низ град и на враќање кон дома, на најдесна лента под Стоковна куќа мост, удривме со задното тркало во нешто квалитетно. Тој рече дека е парче дрво и дека нема гајле, но потоа забележа дека бега настрана возилцето. Застанавме кај катната гаража веднаш после надвозникот.
Не знаел да менува гума, среќа имаше здрава space saver во гепек, па направивме еден пит-стоп, му ја сменив и продолживме.
Резултатот од вадењето во Олимпико денес:
