Сигурно пробувал да го заобиколи Лексусот, по таа улица сите велосипедисти се претвараат во суицидални будали.
Кога се симнувам тука, иначе, имам масивна фобија дека гумата од точакот ќе ми влезе во решетките за одвод кои инцидентно се поставени на вело патеката и, пак инцидентно, се со отвори широки колку просечна гума од road bike.
Или ги скокам ако има гужва од коли, или ги заобиколувам со тоа што влегувам во лента на коли ако нема гужва. Многу несреќен избор на шара за одводна решетка.