Да, ретардирани се сељаците со бмв кои во најголемата гужва за Илинден, на Ѓавато вози преку 150(да се покажи дека има бмв wow) и аблендира нон стоп со очекување во неговиот ретардиран и мал мозок дека сите инстантно ќе се тргнат од лентата во која и тие претекнуваат, претежно со брзини 100-120. Така да не во нива, во провалија да завршат не ги жалам.
Најобично пасати и голфови се јачаат на Ѓавато/Стража, ама да има и по некое копито со бенве. Кога се симнував од стража пред 2 недели прво имав црно ауди а6 (со затемнети стакла мафијашко/министерско/бетменско) на кое иако му дадов 10 шанси да ме претекне одбра да вози на растојание од 10мм од мојот заден браник и после него имав бела астра залепена до моја регистрација (со кинески ксенонки, затемнети стакла и црна фолија на кров) која исто така не сакаше да ме претекне туку само да ми дише у ауспух.
На стрмна и непрегледна удолница/угорница никогаш не се летам или лепам, пазам на кочници, гуми и глава. Кога би пазеле сите не би имало сообраќајки секој е*ан ден.
Претекнување со 100-120 е ок, ама возење 90 во брза лента правејќи бранчиња со рачето низ прозор не оправдувам. Пред некој ден имав таков сусрет Скопје -> Велес, ликче си го лади рачето низ прозор и со 90че се пушта лагано да тица возила во средна лента кои возат 80 со размах од 50м меѓу нив...ова трае и иако има простор да се тргне да го поминат побрзите он си останува во брзата лента. Јас позади него и уште 5-6 коли/комбиња позади мене (се направи колона во лента за престигнување)...му блендирам со уклучен жмигавец, се чуди, мафта со раце....да Крапе (скратено од крапинец), оваа лента е за претекнување, претекни, тргни се побрзите да поминат па пак претекни си кога ќе има прилика, не е голема филозофија. Без разлика каква кола имаш секогаш ќе има некој поспор или побрз од тебе.