Да, ретардирани се сељаците со бмв кои во најголемата гужва за Илинден, на Ѓавато вози преку 150(да се покажи дека има бмв wow) и аблендира нон стоп со очекување во неговиот ретардиран и мал мозок дека сите инстантно ќе се тргнат од лентата во која и тие претекнуваат, претежно со брзини 100-120. Така да не во нива, во провалија да завршат не ги жалам.
Најобично пасати и голфови се јачаат на Ѓавато/Стража, ама да има и по некое копито со бенве. Кога се симнував од стража пред 2 недели прво имав црно ауди а6 (со затемнети стакла мафијашко/министерско/бетменско) на кое иако му дадов 10 шанси да ме претекне одбра да вози на растојание од 10мм од мојот заден браник и после него имав бела астра залепена до моја регистрација (со кинески ксенонки, затемнети стакла и црна фолија на кров) која исто така не сакаше да ме претекне туку само да ми дише у ауспух.
На стрмна и непрегледна удолница/угорница никогаш не се летам или лепам, пазам на кочници, гуми и глава. Кога би пазеле сите не би имало сообраќајки секој е*ан ден.
Претекнување со 100-120 е ок, ама возење 90 во брза лента правејќи бранчиња со рачето низ прозор не оправдувам. Пред некој ден имав таков сусрет Скопје -> Велес, ликче си го лади рачето низ прозор и со 90че се пушта лагано да тица возила во средна лента кои возат 80 со размах од 50м меѓу нив...ова трае и иако има простор да се тргне да го поминат побрзите он си останува во брзата лента. Јас позади него и уште 5-6 коли/комбиња позади мене (се направи колона во лента за престигнување)...му блендирам со уклучен жмигавец, се чуди, мафта со раце....да Крапе (скратено од крапинец), оваа лента е за претекнување, претекни, тргни се побрзите да поминат па пак претекни си кога ќе има прилика, не е голема филозофија. Без разлика каква кола имаш секогаш ќе има некој поспор или побрз од тебе.
Се е прашање на лична култура.
Си бил побрз од тој пред тебе, почнуваш да претекнуваш, од икс причини споро се одвива претекнувањето, па згази ја малку тоа гаста.
Особено па ако видиш дека веќе ти се приближиле коли позади тебе.
Ама не, се брка ниска просечна потрошувачка, тоа згазнување на гас ќе те доведе до банкрот на наредното танкирање.