Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3888920 пати)

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10640
  • *** UNDERCOVER ***
Сега дознав, дека ја пуштиле од болница и е дома...

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Со 40 на саат дури ни со фичо кое што има пат на кочење од  40км/ч до 0 подолг од 100 метри не можам да загрозам некого. А со модерниве возила, кои имаат се` подобри и подобри динамички каратеристики, како на совладување свијоци, така и на успорување - срамота е да се има ограничување под 60км/ч во зони кај што нема градинка или училиште.



Ова да го кажеш, а притоа не си човек од 15 години незнам. И 50 години стара кола со потполно исправен систем на кочење, си кочи супер, незнам од кај ваков заклучок само извади

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Различни дефиниции за „супер“.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Стварно незнам зашто ги надградуваат системиве за кочење кога нема разлика од пред 15 години.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Јас со дозирање на кочницата без да блокираат тркалата успевам да застанам во критични ситуации, а вие продужете си со вашите убедувања.
А на лизгав пат, и вие со вашиот АБС клизате и ја  ;)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Filo аман бе не си ваљда сеиозен?

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Сериозен сум и те како. Џабе награди и усовршувања, ако до толку беа усовршени системите, немаше секој ден да има сообракајки, ама како што гледам сообракајкиве бајаги се зачестени и тоа со нови коли.
Wait, loading... Па нели системите се усовршени, зашто има пак сообракајки

Во реалноста, возила со исправен систем на кочење си кочат И ТОЧКА

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Не кочат ни приближно исто како нови возила при исти услови и брзини.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Фило јас ти предлагам на празен паркинг да ги пробаме системите за кочење на твоето и моето возило во различни услови, т.е. со препреки па да видиш дека не си во право.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Јас би се криклучил кон наведениот тест сакате со летни, сакате со зимски гуми...

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Ајде баш би било интересно да се провери оваа теорија.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Не кочат ни приближно исто како нови возила при исти услови и брзини.

А јас ке те прашам дали си бил на технички преглед и дали си видел како ти го тестираат системот на кочење ?
Ја ке ти кажам дека порано системот на кочење се проверуваше со нагло притискање на кочницата, и како резултат на тоа, возилото знаеше да испадне од валци и да го сметаат за исправно, пошто нагло има притисок во тркалата и тие блокираа.
Денес, системот ти го проверуваат со споро притискање на педалата за кочница.
Иде нова кола со безбедносен систем, ја проверуваат со дозирање на кочница, колата вади вредности во рамките на нормалните граници за притисок на кочење и те пушта во сообракај бидејки си технички исправен.
Идам ја со кола 40 години стара, исто ја дозира кочницата и за чудо, вадиме исти вредности за притисок на кочницата, и мене ме пуштаат, технички сум исправен ;)

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Фило, незнам како да ти докажам ама не си во право до крај. Системите кои се вградуваат во возилата АБС БАС и тн. се направени за да ти помогнат во кочењето, твоето возило јас верувам дека има исправен систем за кочење меѓутоа ти кога ќе удриш панично на кочница односно кога ќе притиснеш до крај блокираат тркалата и возилото станува неуправливо. Системите се направени да го спречат ова од една страна како и да го скратат патот на кочење на возилото така што проценуваат кое тркало колкаво триење односно контакт има со подлогата и ја контролираат силата на кочење соодветно.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4087
  • MadaFunker
Фило ке се изјасниш по предлогот на Tome-Colt?
New blood of old school

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Јас со дозирање на кочницата без да блокираат тркалата успевам да застанам во критични ситуации, а вие продужете си со вашите убедувања.
А на лизгав пат, и вие со вашиот АБС клизате и ја  ;)

Искрено, јас не познавам некој кој е во состојба во критична ситуација, во исто време и да се справува со ситуацијата и да ја дозира силата на кочење 5-10 пати во секунда па макар и бил возач во F1, WTCC, ...

Не знам за вас, ама јас сакам успорување можеби исто колку што сакам забрзување  ;)

За да не биде како недоречено, ќе наведам неколку примери каде е невозможно мануелно да се дозира силата на кочење.
Електронските системи за помош при кочење не се само АВС, туку (конкретно зборувам за BMW, но слично е и кај другите) EBD , BAS, ЕВА.
Тие овозможуваат мониторирање на секое тркало посебно, а тоа овозможува дистрибуција на силата на кочење за секое тркало посебно. Без тоа е невозможно во ситуација кога на пр. десните тркала газат на песок покрај банкина, да се кочи со различна сила на левите и на десните тркала и притоа успешно да се скрати што е можно повеќе патот на застанување.
Втор карактеристичен случај е оштро кочење во кривина. Со EBD најмногу сила оди на предното надворешно тркало, а најмалку на задното внатрешно - пропорционално на контактот со подлогата и силата од тркалото врз неа.
Според истражувања 90% од возачите во критични ситуации не кочат со доволно сила. Затоа е имплеметитрам ЕВА (Emergency Brake Assist) систем кој е во состојба да препознае панична ситуација и да ја зголеми силата на кочење на максимум.

Мислма дека сега се малку појасни работите околу АВС системите и комплицираноста зад таа технологија.
« Последно менување: 25 Февруари 2013, 16:09:38 pm ZokiPet »