Јас со дозирање на кочницата без да блокираат тркалата успевам да застанам во критични ситуации, а вие продужете си со вашите убедувања.
А на лизгав пат, и вие со вашиот АБС клизате и ја 
Искрено, јас не познавам некој кој е во состојба во критична ситуација, во исто време и да се справува со ситуацијата и да ја дозира силата на кочење 5-10 пати во секунда па макар и бил возач во F1, WTCC, ...
Не знам за вас, ама јас сакам успорување можеби исто колку што сакам забрзување

За да не биде како недоречено, ќе наведам неколку примери каде е
невозможно мануелно да се дозира силата на кочење.
Електронските системи за помош при кочење не се само АВС, туку (конкретно зборувам за BMW, но слично е и кај другите) EBD , BAS, ЕВА.
Тие овозможуваат мониторирање на секое тркало посебно, а тоа овозможува дистрибуција на силата на кочење за секое тркало посебно. Без тоа е невозможно во ситуација кога на пр. десните тркала газат на песок покрај банкина, да се кочи со различна сила на левите и на десните тркала и притоа успешно да се скрати што е можно повеќе патот на застанување.
Втор карактеристичен случај е оштро кочење во кривина. Со EBD најмногу сила оди на предното надворешно тркало, а најмалку на задното внатрешно - пропорционално на контактот со подлогата и силата од тркалото врз неа.
Според истражувања 90% од возачите во критични ситуации не кочат со доволно сила. Затоа е имплеметитрам ЕВА (Emergency Brake Assist) систем кој е во состојба да препознае панична ситуација и да ја зголеми силата на кочење на максимум.
Мислма дека сега се малку појасни работите околу АВС системите и комплицираноста зад таа технологија.