Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3886741 пати)

Отсутен BEST

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 270
  • BMW 330D facelift
Незнам и јас досега мислев дека важи и за низ град ама сега ко спомна не сум баш сигурен. Нека кажи некој поупатен.
Едит
- Брзо возење 30-50 км на час над дозволено надвор од населено место или 10-30 км на час над дозволено во населено место ........................... 45 евра или 25 негативни бодови
на моменти возам и 140 на некои Ш релации низ скопје ;D
изгледа треба да сум срекен што ДО СЕГА не ме застанала полиција за таква глупост...
а во принцип и во околина на полиција возам 10-20км + него дозволеното според знаци...

у секој случај, благодарам што ме извести за вакви правила кои секако НЕ ГИ ЗНАЕВ...

значи на автопат ако е дозволено 120, смеам да возам 150 и да ме казнат само со 25 негативни! ;D
јоој ова нема да ти го заборавам, а ја се стегам мислам 300 еур ке ми опнат ако возам 125 кај што смеам 120 ;D

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7665
  • French diamond
Чудни ми се и мене казните, на автопат значи на дозволено 120/130 по ново, можиш да возиш до 170/180 и казната ќе биди само 45е...чудна работа.
http://www.uslugi.gov.mk/VestDetali.aspx?VestID=7746BABFB2AE4E309919C4BC36869858

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9214
значи не пропуштање пешаци е 45 евра и возење 180 на автопат е 45 евра,а во пракса тоа е 300 евра или пак 300 евра и одзимање возачка,кој е во право?

edit: ова старо е изгледа запазете точка 9
Од 2008 година ќе се издаваат нови регистарски таблици со посебна софистицирана заштита

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Иначе Фило, ми одговри ама и не ми одговри на прашањетo :)
значи, имаш ограничување од 80. Толку е дозволената брзина! Ти гледаш дека е автопат, знаеш ете дека се од бивша ју тиа знакови дека е стварно кретенски, овојпат ја слушаш интуицијата, возиш 100че, или опет 70-80?

90 ;) А ако сумљам дека може да има џандари, како што беше случајот после излезот од тунелот катланово каде што порано важеше брзината од 80 км пред влезот на тунелот и стоеа после кривината, односно пред мостот кај катланово, ондак 80. Али ако ограничењето е 80, а возам по автопат, ондак со 90 км ке возам, секако веке објаснив зошто би се придржувал горе доле кон ограничувањето. Иначе сега после излезот од тунелот катланово има нов знак, 100 км е ограничување.

Daywalker, стварно мислиш дека кадетот на Фило може да крене над 80 км/ч?

Патетичен си, нема ништо друго да коментирам, нема за џабе да трошам зборови, односно да штракам по тастатурата и да ти објаснувам, па макар и за шала станувало збор ! Ич да не те такво боли дали кадетот идел 80 или пак јас до катланово 90 ке возам со него или друга кола !!!
И ако сакаш слободно можеш да ме пријавиш на модераторите за коментаров што ти го оставив !
« Последно менување: 24 Јануари 2013, 03:53:38 am Filomkd »

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7665
  • French diamond
За пешаците изгледа е грешно, еве го правилното

Член 19  
(1) Возачот е должен да обрне внимание на пешаците кои се наоѓаат на
коловозот или кои започнале да чекорат по коловозот.
(2) Кога приоѓа кон обележан пешачки премин, возачот е должен да
управува со возилото со особена претпазливост и да вози со таква брзина што
овозможува во случај на потреба да го запре возилото пред пешачкиот премин.
(3) Возачот е должен да го запре возилото пред обележан пешачки
премин секогаш кога пешакот започнува да чекори по обележаниот пешачки
премин.

(4) На делот од патот по кој се движат деца или се поставени сообраќајни
знаци за учество на деца во сообраќајот, возачот е должен да вози со особена
претпазливост и со таква брзина што ќе овозможи да  го запре возилото во
случај на потреба.  
(5) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возач кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (2), (3) и (4)
на овој член.

Еве за брзината:

Член 38  

(1) На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 60 километри/час, односно со брзина поголема
од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за негов дел.
(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, на јавен пат во населено место, чии сообраќајно-технички елементи тоа го овозможуваат, може со сообраќаен знак да се дозволи движење со возило и со брзина поголема од 60 километри/час.
(3) На јавен пат надвор од населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од:
- 130 километри/час на автопат;  
- 110 километри/час на пат резервиран за сообраќај на моторни возила и
- 80 километри/час на други патишта.
 (4) На патот надвор од населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од брзината определена со  сообраќајниот знак поставен на патот.
(5) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 30 километри/час над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило од три до 12 месеца, под услови и начин утврдени со закон.  
(6) Глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 10 до 30 километри/час над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.  
(7) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член и на возач кој во населено место се движи со брзина поголема до 10 километри/час над дозволената брзина.  
(8 ) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност, ќе му се изрече на возач кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 50 километри/час над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (3) и (4) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило од три до 12 месеца, под услови и начин утврдени со закон.  
(9) Глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 километри/час над дозволената брзина 30 и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (3) и (4) на овој член.  
 (10) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода согласно со одредбите на овој закон на возачот кој  постапува спротивно на одредбите од ставовите (3) и (4) на овој член, односно на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема до 30 километри/час над дозволената брзина. .

http://www.mvr.gov.mk/Uploads/Zakon%20za%20bezbednost%20na%20soobrakaj%20na%20patista-neoficijalen%20precisten%20tekst%20okt.%202010.doc.pdf

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Вие дечки повеќето у принцип не разбирате зошто постојат ограничувањата и која е нивната смисла. Ниту обрнувате внимание на разликата во концептите „просечна брзина“ и „моментална брзина“.

ТОА Е ПРАШАЊЕТО!!!
Ако стварно вози 40 таму кај што е ограничено 40, човеков има нерви од титаниум.

Возење по знаци се ВЕЖБА, затоа што не е воопшто лесно за некој кој е научен да вози над ограничувања (т.е. 100% од возачите кај нас!)

Се сеќавам дека на времето, како тазе возач, а пред моето прво самостојно возење на подолга релација (ск-дубровник-ск), една цела недела ВЕЖБАВ секој ден возење по знаци на релација скопје-кавадарци и назад. И добро ми идеше, со тоа што она ограничувањето од 50 пред првиот тунел во правец накај велес не успеав ни еднаш да го испоштуем :-)

Е сега, се сложувам дека на доста од делниците има ограничувања кои стварно кои немаат логика, пример од катланово до велес ограничување 80, а се води како автопат и се наплака патарина, а прилеп-битола, магистрален пат, ограничување 100 км, no sense нели?
Но тоа се остатоци од бивша југославија кога се возеле фиковци, пегли, стокецови и слично за кои сите знаеме кои им се можностите, но и самите патишта не биле во состојба да дозволат поголема брзина, па затоа ограничувањата биле тие, кои нормално треба да се тргнат, ама македонија пат ете не го исчистила патот, а не па знаци да ти трга.

Западна европа е полна со такви „no sense ex yu фичо стокец македонија пат“ ограничувања. Како тоа ќе го објасниш?

Пример oд летоска: супермодерен автопат на рутата A75, некаде во јужна Франција, го поврзува Париз со средоземноморските пристаништа. Две ленти и една помошна во еден правец. Асфалтот перфектно мазен, влез во широк осветлен тунел. Ограничување? 70! Кај нас, на влезот во тунелот меѓу велес и скопје, во слична конфигурација на патот, но со многу повеќе дупки и срања ограничувањето пред тунелот е 80. Како ова го објаснуваш?

Низ цела Швајцарија и северна Италија по тие ПРЕКРАСНИ автопатишта, тунели, чуда, секаде беа ограничувањата слични или исти како кај нас, и покрај тоа што патиштата се светлосни години пред нашите од аспект на мазнотија, обележаност итн.... Во тунел 80, надвор од тунел 80, 100 или ретко 120. Понекогаш, и само понекогаш - 130, ама тоа само на суперправи и супершироки делници ко аеродромски писти со нааа оолкави огради од двете страни на патот.

Надвор од автопат? Иста приказна. 60, 80, 40, 50.... зависи како-каде. Speedtraps на секој чекор и ПРОБАЈ да возиш над ограничувања да видиш што ќе ти се деси на картиците и сметката у банка... катастрофа ќе ти се деси.

Како тоа? И таму ли се глупи и неписмени сообраќајните инженери?

(кој не верува: со google street view и малку труд ќе се увери и сам. ако сакате ќе ви извадам слики од патишта низ европа со знак за ограничувањето, ама ќе го заматам во фотошоп, па ќе играме игра на погодување)

Главната причина што кај нас редовно се вози над ограничувањата го наоѓам во неажурноста на полицијата која казнува стихијно, а не редовно. Да пердаши редовно, ќе се смени и културата на возење.

Иначе, на кој не му е јасно зашто да вози 50 у кривина која може лесно да ја фати со стотка:

http://en.wikipedia.org/wiki/Speed_limit#Effectiveness

Скопје - Охрид околу 2 саата.

Значи, точно како што мислев: до охрид поспор сум од вас нормалните едно 15 минути. Big deal.

P.S. Предлагам нова тема „Возење по знаци“ или нешто слично

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
чекајте тоа +29 од ограничувањето не важи само за отворено?
значи можеш комотно да си пичиш 85 на партизанска?
зошто вака не ми е комотно да не скокнат од некоја грмушка
Тоа е за во град. На отворено е +49. Ама јас си практикувам +29 секаде, да не се замарам кај сум или што сум.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7791
Полесно ми е да ги следам условите на патот и според тоа да возам, отколку цело време да гледам дали сум надминал 41 km/h...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Полесно ми е да ги следам условите на патот и според тоа да возам, отколку цело време да гледам дали сум надминал 41 km/h...
Дабоме.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34463
  • Таков е животот... јебига
Али ако ограничењето е 80, а возам по автопат, ондак со 90 км ке возам,

Хех, демек можеш да возиш побрзо од тоа? Ех беее брат опелџија....  :D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7241
Бре бре бре, се брзи и бесни овде на форумов ;D ;D ;D

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11156
  • Ќybriт Pro Max
Охрид - Скопје:



Возење по прописи со излети +10-20 од дозволено:



Потрошувачка:



Отсутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 381
  • ? ? ?
чекајте тоа +29 од ограничувањето не важи само за отворено?
значи можеш комотно да си пичиш 85 на партизанска?
зошто вака не ми е комотно да не скокнат од некоја грмушка
Тоа е за во град. На отворено е +49. Ама јас си практикувам +29 секаде, да не се замарам кај сум или што сум.

Ако земеш предвид дека брзинометарот лаже и до -5 км/ч, комотно можеш да заокружиш +30 во населено место, +50 надвор од населено место  :)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44962
  • Il Moderatore
^ И колку време ти треба да стигнеш од Скопје до Струмица на пример?......3 саати?
Скопје-Охрид ?
Тетово-Гостивар (од патарина до патарина)?

24 минути наместо 4?
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Ја не знам што коливе ги праат да идат над 120. Ја да сум ќе ги затворам.