Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3888880 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk

Отсутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 381
  • ? ? ?
Е отворено де, ама коа сите ќе се накурчат, оди па отвори се сеа  >:(

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34464
  • Таков е животот... јебига
Благодарам колега Модератор! For the record, некои теми навистина заслужуваат драма. Сега да си го пастирам постот што го напишав пред да биде темата заклучена, праван сајн аут и се надевам дека некој ќе извлече корисен заклучок. Кхм:


Члинк да не ме сфати погрешно, он ми е еден од најдрагите другари што ги имам, затоа и дигам толку џева и си го прекршив заветот дека нема веќе да пишувам заради него. Члинк, ти кажувам како на драг пријател, немој да тераш инает (ако веќе го тераш) или да си правиш бајрам на умот дека задржувањето со раце ќе ти помогне. Носи си го појасот и немој да тргаш на пат додека не се осигураш дека СИТЕ патници ти носат појаси и сите сигурносни системи ти се исправни.

Разбирам дека Филип ве нервира и дека го тупи како не знам што, но го оправдувам бидејќи оваа тема не е за заебанција. И мене ќе ме нервираше да беше ова некоја тривијална тема, но за ваква сериозна тема човекот е сосем во право.

Викацот, она горе што го пиша се надевам дека не го напиша сериозно. Ако си сериозен тогаш да знаеш дека никогаш нема да ти простам доколку не се покаеш.

Форумов не служи да се докажуваме кој е поголем фраер (Гојдо with all due respect) и да ги заклучуваме или заковуваме темиве, туку секој ако не сака јавно да признае барем deep down да извлече заклучок и да дојде чекор поблиску до својата машкост, зрелост и сериозност. Точка!

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11156
  • Ќybriт Pro Max

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Е сега вака.

Значи јас заради тој кајш што не сум го ставил сум останал жив. Ситедруги во кола погинаа. Фала богу јас не бев крив за ништо што се случи, возев по прописи. АМА не ставив кајш, го заборавив. Ако сум останел у кола сега к*р ќе се расправавме. За мене тоа е дадена шанса втора, се надевам од господ. Така да појас не ставам. Ај сега прајте муабет за пијани возачи и за возачи со 170. Имаме доста на форум кој возат толку. Јас сум еден од нив.

Благодарам колега Модератор! For the record, некои теми навистина заслужуваат драма. Сега да си го пастирам постот што го напишав пред да биде темата заклучена, праван сајн аут и се надевам дека некој ќе извлече корисен заклучок. Кхм:


Члинк да не ме сфати погрешно, он ми е еден од најдрагите другари што ги имам, затоа и дигам толку џева и си го прекршив заветот дека нема веќе да пишувам заради него. Члинк, ти кажувам како на драг пријател, немој да тераш инает (ако веќе го тераш) или да си правиш бајрам на умот дека задржувањето со раце ќе ти помогне. Носи си го појасот и немој да тргаш на пат додека не се осигураш дека СИТЕ патници ти носат појаси и сите сигурносни системи ти се исправни.

Разбирам дека Филип ве нервира и дека го тупи како не знам што, но го оправдувам бидејќи оваа тема не е за заебанција. И мене ќе ме нервираше да беше ова некоја тривијална тема, но за ваква сериозна тема човекот е сосем во право.

Викацот, она горе што го пиша се надевам дека не го напиша сериозно. Ако си сериозен тогаш да знаеш дека никогаш нема да ти простам доколку не се покаеш.

Форумов не служи да се докажуваме кој е поголем фраер (Гојдо with all due respect) и да ги заклучуваме или заковуваме темиве, туку секој ако не сака јавно да признае барем deep down да извлече заклучок и да дојде чекор поблиску до својата машкост, зрелост и сериозност. Точка!

Миле при големи брзини само среќа те спасува, појас не. Тоа со рацете го кажав за клипот што ми беше приложен. На тие брзини оносно нормални брзини носам појас, тој за тоа е наменет. За брзини над 100 и самите произвеители ќе ти кажат дека не се појасите, односно ништо нети гарантира(што значи НЕ у прево).

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Ја ко подлежен на пороци станав зависен и од кајшот. :D


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Апсолутно се слагам со Фаланга и со Филип. Каиш е примарна работа за безбедност, без разлика на безбедноста. Тоа што некој одлучил/мисли дека не е така, тоа е лично согледување на работите, кое е или не е правилно. Реалноста е дека постојат исклучоци што ги потврдуваат правилата, и да, понекогаш некој ќе загине заради каишот, ама од друга страна, процентот на спасени животи заради каишот е многу поголем.

Ова као муабетот на Бугар кога ги деактивираше пиропатроните во каишите, пошто така било побезбедно.

Члинк, другарче, краш тест куклите се така направени за да симулираат движење во човечко тело. Ако нешто се движи/скрши на куклата, ќе се скрши и кај тебе.

Сите безбедносни системи кои што постојат, постојат за да го намалат ризикот од повреда/смрт. Да не беше така, немаше да ги имаме. Не ми се верува дека некој прозводител би ставил било каква безбедносна мерка во колата за која знае дека ја зголемува шанста за повреда/смрт.

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Што ми требаше да ја отворам темава  ??? :o ;D


...и престанете со лигавења и разни глупи муабети. Размислете како не пораснале нашите и во какви услови и со какви гуми и со какви коли и ред други работи...

...и Члинк врзувај се не се заебавај бидејќи и јас возам 100 години и сум правел милион глупости и никогаш не сум направил никаква беља во сообраќајот се до кобниот за моето Peugeot 106 S16- 21 октомври кога со брзина од 7-80 на сончев ден, на суво акнав директно во автобуска и дрво од инстинктивна реакција и доколку не носев каиш ќе беше навистина лошо за мене.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Прочитај те го постот, односно тоа до Миле што го пишав. Имате одговор.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
S16-HGT-RS - Во право си, и не си во право. Нашите родители возеле други возила, со драстично помала сила (татко ми возеше Ами 8 и GS Pallas, со разјарени 55 коња). Јас и ти возиме коли со по 150 коња, каде можноста за пролизгување (ако ништо друго, ради повеќе сила и поголем вртежен момент) е поголема.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44964
  • Il Moderatore
И ај малце посмирено сега. Тоа што Филип се нервира, нема да го натера Члинк да се врзе :) Еве ја ќе пробам уште со неколку примери да му покажам на члинки дека навистина е потребно да се врзе.
Еве уште неколку видеа, ВЕ МОЛАМ изгледајте ги, ама стварно ВЕ МОЛАМ.





ПОСЕБНО ОВА (шоферот не е врзан на автопат):



Имам уште миљон арсенал, ама дај стварно, Сите ама буквално сите, и на предни и на задни седишта, дај ставете појас за да не се убиете самите а и тие до вас!
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
До едно сум ги изгледал Симо. Јас сум отрпнат на вакви работи. Не ми значат многу :)

Врзујте се вие, јас нема.

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
S16-HGT-RS - Во право си, и не си во право. Нашите родители возеле други возила, со драстично помала сила (татко ми возеше Ами 8 и GS Pallas, со разјарени 55 коња). Јас и ти возиме коли со по 150 коња, каде можноста за пролизгување (ако ништо друго, ради повеќе сила и поголем вртежен момент) е поголема.


...и не е RS, R26 e  ;)

Отсутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 381
  • ? ? ?
Што ми требаше да ја отворам темава  ??? :o ;D
...и престанете со лигавења и разни глупи муабети. Размислете како не пораснале нашите и во какви услови и со какви гуми и со какви коли и ред други работи...


Па дај тогаш сите по едно полско веце пред зграда, ко нашите дедовци и баби.
Ебати шољата денес, течело казанчето, па треба да ја чистиш, па четка за веце шољата, па парфемче, па се затнала, па вакум-механизмот се заебал. Фино-лепо, исковај една шупа, ископај дупка, и имаш лајфлонг геранти! Е сеа коа врне, со чадор ќе идеш у веце, ама тоа ти е, барем нема ништо да се расипува...

Отсутен викацот

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 342
Фаланга со сета почит кон тебе,ама се држам до кажаното...значи члинк ви објаснува дека несака да вози со врзан појас на автопат,и така и ќе биде,безразлика дали вие сите ќе му зборите или не
а за тоа што го кажав уште посигурен сум...секој има право да прави што сака...
и 200 нека вози ако сака,негов избор е,ако направи сообракајка он ќе одговара (доколку преживее)
сте се фатиле за члинк ко незнам што да ви згрешил....олабавете малце....
Фиат Типо