Силно светна ден, ден убав за стари казни…
Имено, 2019та ме фатија на радар кај Требеништа Охридско со 112 на 60 дозволено… Јас како јас, некако ми одговараше да “заборавам” на казната изречена за забрана на управување на возило со Б категорија, па на 3.2 ми истекува официјално трајноста на возачката, бев вчера на закажан термин да се сликам за нова во ПС Беко, кога госпожа ми вика “Мали, со казнава што правиме?” Си викам во себе што да кажам што да лажам и ја прашав мора ли да се пише, она ми вика епа да, зема пријавата пиша некои податоци и ме испрати во Телевизија во кабинет 24 да ме сликнеле таму, ѓомити поубав апарат имаат таму, молевме кукавме да пишат бар 2-3 месеца ама таа другата госпожа од кабинет 25(24ка магично си отишла на боледување, не се знае кога ќе се врати) вика неможеме суд во Охрид рекол 6 месеца, викам ебајга оде руждија сликај и пиши
Наравоучение: Не бидете мрзи и неодговорни ко Кикац, завршете си ги обврските што е можно побрзо, или пред да ви стигне пресуда сликајте се за нови а старите пријавете ги како изгубени документи па ќе одолговлечите некој период плус за да може да застари делото(според 2ца правници над 6 години) за да не мрзнете на точак на минусни температури(освен ако свесно не сте се одлучиле за тоа)
П.С: бидејки под Б категорија впаѓа и М категорија, дали забраната е за Б категорија само или и нејзини подгрупи, ми падна идеа да си купам скутерче 50кубика, па за да знам дали да фукнам пари или да ги уложам во месечна претплата кај некој таксист
П.П.С: Изгледа ја утнав темата, админ префрли во “(с)казни”
Sent from my iPhone using Tapatalk