Никаде не реков дека некој треба да круза во лева лента на автопат, и да заборави на постоењето на реторовизорите. Само реков дека шеест-осумдесет метри во секунда е брзина која е далеку навлезена во границите на маргините за грешка на најголемиот број на возачите.
Тоа се однесува на фаст&фјуриус пациенти со мали куриња, а не на некој што со безбедна брзина претекнува други возила.
Ван ти си крив што прво гледаш на ретровизор, па враќаш поглед напред, па даваш жмигавец и после почнуваш со претицување, и се тоа на автопат каде што дозволено и неретко се вози далеку преку 200.
Затоа откако ќе дадеш жмигавец уфрли си уште едно погледнување на ретровизор, па додека со едно око гледаш во ретровизорот престрој се во лентата за претицување.
Aбе јас во возење многу повеќе пазам одошто во случајов (погрешно) претпоставуваш. Ама нејсе, не е поентата во мојата претпазливост (или недостатокот од истата), туку дека и те како е човечки возможна ситуацијата која ја опишував погоре. Се разботи за повеќе од разбирлива „грешка“, ебаго не се сите на автопатот со рефлекси и знаење на Формула 1 возачи. За тоа треба да биде свесен секој што сака на аутопат да се издува со Ауди ТТ (или што и да е, што дига 200+ брзини).
Затоа се вели „
прилагодување на брзината на условите на патот“. Тоа меѓу другото значи и намалување на брзината во ситуации, како на пример кога напред наидуваат две или повеќе возила - што автоматски значи и изгледни шанси некој од тие возила да се обиде да претекнува. Што автоматски значи дека е тотално небезбедно некој со 250км/ч (или повеќе) да претекнува колона возила кои возат со 100-140км/ч.
Дали во таква една несреќа е крив и тој што менува лента?
- Секако дека има свој дел од кривицата. Не велат за џабе дека за несреќа обично требаат барем две страни.
Дали е крив и тој што вози во фаст&фјуриус филм?
- Секако дека тој е уште покрив во случајов. Требало да намали брзина кога видел колона возила напред.