Интересно е како убедливото мнозинство симпатизираат со фаст&фјуриус пациенти, иако убедливото мнозинство од нив возат секојдневни коли, и со нормални брзини (у превод, истите тие се потенцијални жртви на фаст&фјуриус пациенти).
Не знам колкумина од вас имаат возено на германски аутобан. Вистина е дека нема ограничувања на брзина, вистина е дека има ултрабрзо возење од некои аута. Но тоа не значи дека нема и такви што со ~100км/ч си возикаат на средна лента... И што да правиш со таквите, да успориш и да возиш позади таквите (затоа што демек лева лента била за тие што можат да возат над 200км/ч) - или да ги претицаш со ~120-140км/ч?
Вистина е дека треба да се погледне позади кога се менува лента, ама кога некој вози доволно бргу - има време да дојде до тебе буквално за времето додека се трга погледот од ретровизор и се менува лента.
Мене таму ми се има десено да ме претицаат толку брзо, да само црн блур видов како ми пролетува од лева страна. Повеќе го слушнав, одошто го видов. А ако јас возев со ~120 до 130км/ч (а колку да возам со Голф3), тогаш тој што ме претица возеше барем над 200км/ч, а сигурно и многу повеќе.
Ај сега малку математика:
200km = 200*1000m = 200,000m
1hr = 60m = 60*60 = 3600 sec
200km/hr = 200,000/3600 = 55.6m/s
Ебате, тој за две секунди поминува повеќе од 111 метра... а што правиме ако фаст&фјуриус пациентот иде и побрзо, на пример изнад 250км/ч? Погледнуваш, гледаш дека нема ништо блиску и додека се свртиш напред да дадеш жмигавец и да почнеш да менуваш лента...
Затоа ајде погледнете ја снимката уште еднаш, и кажете искрено дека не е можно и самите вие некогаш потполно идентично да реагирате, и исто така да смените лента за да претицате некој поспор од вас??