Јас лично како пешак никогаш не би користел подземен премин, примарно од безбедносни причини. Чувствувам дека безбедноста во тие подземни премини е на многу ниско ниво, земајќи го за пример преминот што е во Скопје, каде се случиле безброј разбојништва, напади и слично.
Во право си. Но безбедноста е на тоа ниво затоа што не се користат, полесно е да се рипа преку жардињера. Не се одржуваат, не се осветлени. Доколку горе нема каде да се премине, доколку се се спастрат, се внимава на хигиената редовно (да не смрди на мочки), дуќанчињата профункционираат, навиката сама ќе си дојде.
Таков народ сме, брзо се шират муабети. Ќе се прошири муабет и дека се пишуваат казни, па и пешаци и возачи ќе создадат навика за себе и своите потомци да преминуваат улица каде им е дозволено, и да одржуваат безбедна брзина во градски услови како и да бидат екстра внимателни при наидување на пешачки премин.
Ќе ти посочам само 2 примери, за потомците
Чекам кај Веро Аеродром со пилците да поминеме булевар. Од нула години ги учиме што значи црвено а што зелено светло.
Пред нас баба со внучето (ца. 3 годинки) и поголемо детенце 10/тина години поминуваат на црвено. Нема коли на булеварот и поминуваат на црвено. Моиве тројцата се вртат накај мене и ми викаат абе не е зелено кај отидоа овие? И сега јас што да им одговорам? Како да им објаснам? Ај што бабата е лош пример за своите внуци, кои очигледно ќе го практикуваат нејзиното пошто виделе дека така треба, туку е лош пример и за околината.
На семафорите кај Капитол обично стално се прави гужва со пешаци. И добар дел од тие пешаци "немаат време" да чекаат зелено за да поминат. Покрај останатите, чека мајка со девојче (ца. 6 години). На црвено поминуваат неколку пешаци, побрзо, претрчуваа бидејќи е црвено а идат коли да поминат преку пешачкиот премин. Девојчето, веројатно понесено од тие неколкумина, мислејќи дека се запалило зелено, тргнува и се оттргнува од раката на мајка си. Цела среќа се најде еден дечко до нив и ја грабна за капуљача и ја фрли назад на тротоар, затоа што ќе завршеше под тркала. Девојчето почна да плаче, бидејќи грубо беше повлечена ама не свесна што се случува, мајкава му се заблагодарува на дечкото и ја кара ќеркичката зошто сакала да помине на црвено. Ете уште еднаш, каков пример оставаме за нас и околината (не мислам на мајката, туку на луѓето чив пример девојчето не свесно го следеше).